Двајца возачи тешко повредени во сообраќајка на патот Ресен-Охрид
Објавено во: Македонија 09 Декември, 2017
Двајца возачи се тешко повредени во сообраќајката која синоќа околу 20 часот се случи на магистралниот пат Ресен-Охрид, кај селото Крушје.
Во несреќата учествувале „Лада“ во вевчански регистерски ознаки управувана од С.П. (39) и автомобил „Опел“ со охридски таблички управуван од Љ.Ч.(42) од Охрид.
Љ.Ч. е пренесен во „Св. Еразмо“ од каде по укажаната лекарска помош е препратен во Клиничкиот центар во Скопје, а С.П. е пренесен и задржан на лекување на битолската болница.
Сообраќајот до завршувањето на увидот беше во прекин во двата правци.