Две лица со потерници се бараат за експлозијата во Санкт Петербург
Објавено во: Свет 03 Април, 2017
Потерници има за две лица поради наводна поврзаност со експлозијата што изби денеска во метро во Санкт Петербург.
„Две лица се бараат поради сомнение дека ја планирале експлозијата. За едниот човек постои сомнение дека ја поставил експлозивната направа во вагонот, додека за другиот дека поставил бомба на самата станица на метрото“ - наведе неименуван извор, пренесува БТА.
Портпаролката на рускиот Истражен комитет, Светлана Петренко изјави дека членовите на Комитетот ги испитуваат сите околности, како и дека специјалната екипа од истражители и форензичари на самото место ги собира сите делови од експлозивот и ги испрашува сведоците, јави ТАСС.
Петренко вели дека возачот постапил правилно затоа што не го запрел возот, туку продолжил да вози кон следната станица, со што се овозможила евакуација и укажување на медицинска помош за повредените.
Десет луѓе загинаа, меѓу нив има и деца, а повеќе од 50 се повредени во експлозијата.