28 Април, 2024
0.0340

Двете страни на менторирањето - Дознајте одблиску како се одвива бесплатниот процес на менторирање

Објавено во: Мои пари 19 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Менторирањето е двонасочен процес и за да биде успешно заокружено, од особена важност е и двете страни посветено да се вклучени во него. Во тој процес од имањето појдовна желба, многу е поважна желбата за промена, како и посветеноста и максималната вклученост во него. Токму претставувањето на една таква успешна приказна е целта на ова интервју, во кое одблиску ќе можете да се запознаете со двете страни на приказната од процесот на менторирање – онаа на менторите и онаа на претпријатијата корисници на менторски услуги, кои претпријатијата ги добиваат бесплатно преку заедничкиот проект помеѓу Агенцијата за поддршка на претприемништвото и Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA). За таа цел на нашите прашања одговараа ас. проф. д-р Данијела Војтикив Самоиловска и менторот Неби Јусуфи од Тетово.

Кажете ни нешто повеќе за историјата на Вашата компанија, кога е формирана, во која дејност работи, колку лица вработува...?

Д-р Данијела: Нашата компанија, Поликлиниката „Д-р Данијела“, почна со својата работа во средината на 2018 година како ординација по неврологија. Со текот на времето, постепено го развивавме нашето работење и од почетокот на 2023 година прераснавме во Поликлиника за неврологија и интерна медицина, која нуди широк спектар медицински услуги во овие области. Целта на нашата поликлиника е да им обезбеди на нашите пациенти највисок квалитет на медицински услуги и грижа, приспособени според нивните потреби. Во моментов, имаме осум постојано вработени, а дополнително ангажираме уште неколку професионалци, доктори специјалисти што своите услуги ги нудат во нашата поликлиника. Уште од нашето формирање постојано имаме планови за дополнителен раст и развој, како на услугите што ги нудиме така и на бројот на вработени.

Кажете ни нешто повеќе лично за Вас, за Вашата кариера, искуство и како влеговте во приказната за бесплатни менторски услуги?

Јусуфи: Почетокот на развојот на мојата кариера е малку специфичен бидејќи јас како дипломиран машински инженер се вработив во Агенцијата за поддршка на претпријатија ЕСА Тетово во 1998/1999 година. Агенцијата беше оформена како дел од проектот за развој на политики и креирање регионални центри за Поддршка за мали и средни претпријатија (МСП) во Македонија, поддржано од DFID/KNOW HOW FUND на Британската влада. Во 2010 година магистрирав во областа на економските науки – отсек претприемништво. Од април 2018 година сум менаџер на Агенцијата ЕСА Тетово и директор на Фондацијата за поддршка на претпријатија, Тетово.
Агенцијата ЕСА Тетово нуди нефинансиска и финансиска поддршка за почетни и за зрели бизниси, кои директно или индиректно имаат значаен придонес во економскиот раст и развој на Тетовскиот/Полошкиот регион и пошироко во Република Северна Македонија. Во приказната за бесплатни менторски услуги влегов во 2018 година во првата група обучувани и сертифицирани ментори за стандардизирани менторски услуги на АППРСМ и до 2023 година ЕСА Тетово во соработка со АППРСМ има спроведено менторски услуги во 36 компании во Тетовскиот регион, во кои јас како ментор сум бил одговорен во 15 од нив. Добрите практики на спроведување на менторските услуги се солидна основа за привлекување нови заинтересирани почетни и зрели претпријатија за нивно користење, кои ќе придонесат во нивниот раст и развој.

Како дознавте за можноста за бесплатни менторски услуги?

Д-р Данијела: Нашата компанија секогаш е во потрага по нови начини на усовршување и развој, што ја прави особено отворена на можностите за добивање дополнителна поддршка и совети. Токму од тие причини како компанија имаме активен тим за маркетинг, на кој една од задачите е редовно да ги прегледува сите можности за подобрување на нашите деловни практики.

Кога нашиот тим за маркетинг наиде на „Јавниот повик за спроведување бесплатни стандардизирани менторски услуги“, одлучивме веднаш да аплицираме. Разбирајќи го значењето на менторството за компании како нашата, го препознавме како одлична можност да ги дополниме нашите стремежи за развој и за подобрување на нашите услуги. Сметавме дека искористувањето на бесплатните менторски услуги, би ни овозможило пристап до стручни совети и насоки од искусни бизнис-лидери, што, пак, би ни помогнало во преодот од успешна компанија до извонредна компанија.

Кои беа главните предизвици со кои се соочивте во процесот на менторирање во компанијата „ПЗУ Д-р Данијела“?

Јусуфи: Во огласот за понуда на менторски услуги, компанијата при апликацијата имаше наведено неколку области на заинтересираност, и тоа: дијагностицирање, со цел да се разбере моменталната состојба во која се наоѓа нивната фирма, помош при подготовка на развојни активности/акциски планови/проекти за да се постигнат целите на деловниот субјект, консултации/советувања, координација и помош за пристап до финансиски средства, достапни програми за поддршка за МСП, нови технологии, консултантски услуги и сл., со цел да се поттикне развојот и унапредувањето на работењето и др.

Но, при реализација на првите средби со менторот на ЕСА Тетово, компанијата се фокусираше на намерата да изведе нови инвестиции во нови машини и опрема, ангажман на нов стручен кадар и пронаоѓање нови деловни простории, кои ќе бидат во нивна сопственост бидејќи во тој момент беа под кирија. За да се преземат и успешно да се спроведат овие чекори, менторот во соработка со менаџментот на компанијата прво ја направи анализата на тековната финансиска состојба на компанијата за да се видат нејзините капацитети за нови инвестиции и како следен чекор се подготви инвестициска програма/бизнис-план за планираната нова инвестиција. Изработката на бизнис-планот за компанијата претставуваше добра практична алатка за да увидат како ќе функционира инвестицијата во однос на приходи, трошоци, вработени, клиенти корисници на услуги, поврат на инвестицијата и др., воедно ѝ овозможи на компанијата да го преземе следниот чекор за практична реализација.


Кој беше клучниот момент што Ве натера да аплицирате за користење менторски услуги и дали од почетокот Ви беше јасно за што точно ќе барате менторски услуги?

Д-р Данијела: Клучен момент за нашата одлука да аплицираме за менторски услуги беше фактот што веќе работевме на еден процес во кој нашата компанија требаше да прерасне во поликлиника. Во тој период, кога се соочувавме со разни предизвици и промени, го откривме „Јавниот повик за спроведување бесплатни стандардизирани менторски услуги“. Сметавме дека оваа можност би била од исклучителна важност за нас, бидејќи би ни овозможила да добиеме мислења и совети од луѓе со поголемо искуство во бизнисот, особено во области како планирање, буџетирање и други стратегиски активности. Од самиот почеток имавме јасна претстава за тоа што сѐ ни е потребно од менторските услуги. Знаевме дека сакаме конкретна помош во сектори какви што се: стратегија на развој, финансии и управување со човечки ресурси. Имавме конкретни планови и цели што сакавме да ги постигнеме, па затоа бевме полни со ентузијазам да аплицираме и да ги искористиме советите и насоките на искусните ментори со цел да ги оствариме нашите амбициозни планови за развој.

Колку лесно компаниите во Северна Македонија го прифаќаат менторирањето, со оглед на фактот дека трето лице треба директно да се инволвира во нивниот бизнис? Какво беше искуството со оваа компанија?

Јусуфи: Менторските услуги за почетни и за зрели претпријатија, ЕСА Тетово ги спроведува во тесна соработка со АППРСМ и со Јапонската агенција за меѓународна соработка од 2018 година како дел од проектот „Зајакнување и проширување на менторските услуги за мали и средни претпријатија во Западен Балкан“. Нашиот пристап е таков што во текот на нашите првични средби секогаш ги промовираме менторските услуги како дел од пакетот услуги што ги нуди ЕСА Тетово за МСП и презентираме добри практики на веќе изведени услуги во компании и компаниите што се заинтересирани ние ги евидентираме, а кога АППРСМ го објавува огласот, ние ги контактираме овие заинтересирани фирми и им даваме поддршка во процесот на аплицирање. На самиот оглас многу мал број фирми се јавуваат самостојно и без наша поддршка. Искуството со оваа компанија е такво што таа веќе имаше контакти со претставници на АППРСМ, кои потоа ги упатиле да дојдат во нашата канцеларија за да добијат подетални информации за менторските услуги. Тоа и се случи, компанијата ги доби сите потребни информации и им беше дадена комплетна поддршка при процесот на апликација на јавниот повик од ЕСА Тетово. Конечно, кога од комисијата во АППРСМ беше селектирано, се спроведоа менторските услуги во самата компанија.

Дали процесот на менторирање беше веднаш прифатен од тимот, сметате ли дека македонските компании главно се отворени за ваков тип проекти?

Д-р Данијела: Процесот на менторирање беше одлично прифатен од нашиот тим. Од самиот почеток колегите беа отворени и заинтересирани да учат од искуството и од знаењето на нашиот ментор. За нас, искуството со менторството беше многу корисно, бидејќи не само што добивме конкретни совети и насоки, туку и имавме можност да споделиме искуства и предизвици со нашите ментори. Оваа двонасочна комуникација ни овозможи да го трасираме вистинскиот правец со цел да ги реализираме нашите зацртани планови за развој и подобрување на нашата компанија. Што се однесува до македонските компании, верувам дека ваквиот тип услуги се добредојдени и имаат потенцијал да бидат успешно спроведени. Иако секоја компанија има свои специфични потреби и предизвици, веруваме дека менторството може да биде од голема корист за сите компании што се стремат кон раст и успешно функционирање на пазарот. Отвореноста и волјата за учење се клучни аспекти за успешно користење на менторските услуги и сметаме дека македонските компании главно се отворени за ваков тип проекти.

Колку е важно компанијата да има некаква анализа и предзнаење за што конкретно ќе побара менторски услуги и колку тоа заштедува време?

Јусуфи: Вообичаено, нашите компании односно нивните менаџери се концентрирани во исполнување на секојдневните работни обврски и мал број од нив имаат доволно време и сопствени ресурси за да направат анализи и планирања за поголеми зафати. Од вкупниот број деловни субјекти во Тетовскиот/Полошкиот регион доминираат микро и мали претпријатија и во недостиг на доволно сопствени капацитети, тие имаат потреба да користат услуги од центарот ЕСА Тетово, од сметководствените бироа или од консултантските фирми во форма на информации, совети, консултантство, обуки или истражувања за да реализираат соодветен економски раст и развој.

Mоже да се нагласи дека е многу е важно и пожелно компанијата да има некаква анализа и предзнаење за што конкретно ќе побара менторски услуги бидејќи тоа дава можност за побрза интервенција и доведува до заштедување време и ресурси. Но, ако нема направено нешто такво, при самото спроведување на стандардизираните менторски услуги, менторот ќе ја води компанијата во заемна соработка со менаџерот и со клучните вработени, да се реализираат во вид на планирани активности што се преточени во донесениот акциски план.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг