27 Април, 2024
0.0309

Џафери: Не плашете се ... Иванов може пак да го одбие Заев

Објавено во: Македонија 12 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Новиот собраниски претседател Талат Џафери не ја исклучи можноста претседателот Иванов повторно да одбие да му го додели мандатот за состав на влада на Зоран Заев.

Џафери, меѓутоа, тврди дека таквата одлука не би претставувала пречка парламентарното мнозинство да ја продолжи седницата за избор на влада.

Сепак, предупредува, за парламентарната пракса не би било добро шефот на државата да не ги исполни своите обврски, бидејќи тоа би имало одредени последици за парламентот во иднина.

Во интервју за Анадолија, Џафери вели дека ставот на ВМРО ДПМНЕ, партијата која изборот на новиот претседател го смета за нелегитимен, за него е политички акт.

Додава дека тоа што нејзините пратеници учествуваат во работата на собранието значи дека индиректно го признаваат статусот на новиот претседател.

Џафери повтори дека седницата на Собранието ќе ја води на албански јазик, што, како што наведува, не го загрозува суверенитетот на Македонија.

Очекува за тоа прашање да има расправа, но тврди дека во зависност од ситуацијата ќе се служи и со македонски и со албански јазик.

„Во таа смисла верувам дека ќе има разбирање меѓу колегите, без разлика на можни реакции. Верувам дека во суштина тоа не оди на штета на Македонија, и на ниту еден начин не загрозува ниту суверенитет и интегритет, бидејќи се работи за права на граѓаните на Македонија предвидени со меѓународни конвенции“, истакна новиот собраниски претседавач.

Од прогласувањето на независноста на Македонија Џафери е прв Албанец кој ќе ја извршува таа функција претседател на парламент. Истакнува дека неговиот избор за претседател на највисокото законодавно тело е политичка корист во контекст на перцепцијата на колективен статус на Албанците во земјава.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“