Џолев со трансфер на уште двајца судии
Објавено во: Македонија 17 Ноември, 2017
Новиот претседател на Крвичниот суд Скопје 1 Иван Џолев засега направи уште два „трансфера“ на судии откако претходно судијата Владимир Панчевски од Основен суд 1 беше префрлен во одделението за прекршоци.
Сега трансфер има и за судијката Весна Димишкова од Одделението за претходна постапка преминува во Одделението за претходна постапка – организиран криминал, а судијата Александар Милошески од судија во Одделението за кривично полнолетни преминува во Одделението за извршување на санкции.
Според претседателот Џолев, не станува збор за реваншизам кон Панчевски со кого имаа тежок меѓусебен спор и си разменуваа кривични пријави, туку дека сите промени се направени според потребите на судовите.