06 Мај, 2024
0.0252

Џонсон го „откачи“ Парламентот, но пред тоа му зададоа тежок удар

Објавено во: Свет 10 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Британската влада и формално го суспендираше Парламентот, праќајки ги пратениците дома во следните пет недели насред кризата околу Брегзит.

За да се распишаат избори, на парламентот му биле потребни 434 гласови, односно две третини од 650 претставници во Долниот дом на парламентот, пренесе Ројтерс.

Во текот на гласањето, само 293 од нив го поддржале нивниот предлог.

Џонсон се заложил за склопување договор за разидување со ЕУ на пресудниот самит во октомври, бидејќи пратениците втор пат гласале против неговиот предлог за одржување вонредни избори.

-Оваа влада ќе изврши притсок на преговорите за спогодба, иако се подготвуваме да одиме и без него - рекол Џонсон во парламентот, пренесе Ројтерс.

Тој сакал да се одржат изборите во средината на октомври, пред самитот на Европската унија на 17 октомври и пред рокот кога Британија би требало да го напушти европскиот блок на 31 октомври.

-Одам на тој клучен самит на 17 октомври и без разлика на тоа на колку начини овој парламент планира да ми ги врзе рацете, ќе настојувам да постогнам договор во национален интерес. Оваа влада нема повеќе да го одлага Брегзит-истакнал Џонсон.

Британската влада и формално го суспендираше Парламентот,  праќајки ги пратениците дома во следните пет недели насред кризата околу Брегзит.

Законодавното тело официјално е суспендирано со формална церемонија во Домот на Лордовите, но допрва бидејќи претседавајќи со Долнито дом Џон Берк го изразил своето незадоволство со зборовите дека многумина сметаат дека тоа е „акт на измама на извршната власт“ , пренесе АП.

Пратениците во парламентот ќе се вратат на 14 октомври, нешто повеќе од две недели пред Британија да излезе од ЕУ на 31 октомври.

Опозицијата го обвинува премиерот Борис Џонсон дека се обидува да ги запре законодавците да го проучат неговиот план за Брегзит.

Како што се наведува, ова е прв пат после повеќе од 70 години британската влада да го суспендира Парламентот.

БРИТАНСКАТА КРАЛИЦА МУ ЗАСТАНА НА ПАТОТ: Еве што му забрани на Џонсон за Брегзит

Можеби ќе ве интересира

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра