29 Април, 2024
0.0278

Еден осомничен за за силување на 13-годишната штитеничка од Домот 25-ти мај

Објавено во: Македонија 24 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Јавното обвинителството има еден осомничен за силување на 13-годишната штитеничка од Домот 25-ти мај, потврдија за Телма извори од истрагата. Од осомничениот е земен примерок за ДНК анализа која е отпочната вчера.

Истрагата бара ДНК профилот на осомничениот да биде спореден со ДНК профил на непознат маж кој е откриен при медицински преглед на девојчето лани во ноември. Тогаш малолетната жртва била најдена полугола и боса во бесознание на улица во Велес. При медицинските прегледи било утврдено дека девојчето веќе преживеало силување, а најден е примерок со која е утврден ДНК профилот на мажот кој ја злоупотребил.

Податоци биле доставени до велешкото обвинителство кое работело на случајот, но истрагата ја презеде обвинителството за организиран криминал откако скандалот со малтретирањето и државната негрижа на девојчето беше објавен од ромска невладина организација од Будимпешта.

13-годишното девојче било бремено од злоставувањето, а минатата среда и е извршен абортус. Покрај ова ДНК анализа, форензичарите и судска медицина се обидуваат да направат и ДНК профили од материјали од абортусот, преку кои може да се утврди ДНК на таткото, но и на други можни напаѓачи на малолетната штитетничка.

Министерството за труд и социјална политика вчера поднесе кривични пријави против 11 старатели и социјални работници од скопскиот центар кои требало да се грижат за девојчето во периодот кога се извршени серија злоставувања и силувања врз неа.
Министерството ги товари своите вработени за делата запуштање на малолетни деца и за несовесно работење во службата.


Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце