03 Мај, 2024
0.0253

Евтината нафта ќе го поевтини парното, се очекува и поевтина струја

Објавено во: Економија 22 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Македонија треба да го искористи моментумот и со некоја краткорочна стратегија да има корист од евтината нафта, вели Митко Андреев експерт за енергетика за Фактор. Надолна корекција очекува и на цената на гасот со што ќе поевтини и парното греење, но целата ситуација на светскиот пазар на енергенси ќе предизвика пад и на цената на електричната енергија. Завчера во САД цената на нафтата падна под нулата, поради тоа што побарувачката е исклучително ниска, а производството не е намалено до сега. И покрај тоа што ситуацијата делумно се смири вчера, ниските цени на енергенсот се карактеристика се уште, а тоа се очекува и во следниот период. Македонија е врзана со котациите на брент нафтата во Европа чија цена исто така паѓа. Владата вчера одлучи да ги зголеми акцизите на сите нафтени деривати за три денари, што предизвика раст на цените на бензините и на дизелот, но познавачите велат дека тоа не значи дека базично, земјата ќе нема корист од евтината нафта.


„Ние треба на некаков начин да ја искористиме ниската цена на нафтата. Затоа сметам дека ако цената остане пониска земјоделците треба да ги вршат сите потреби кои ги имаат додека трае овој момент. И во мај ќе биде поевтино, па сите работи може да се завршат сега, наместо да се чека на лето, секако ако е тоа возможно, за што секако подобро знаат земјоделските експерти. Сепак најважно е што поради ниската цена на нафтата на светските пазари ќе поевтини цената на природниот гас која е врзана за нафтената цена, а тоа значи дека при новото формирање на цената на топлинската енергија ќе има поевтинување. Во Бугарија веќе парното поевтини за 20 отсто. Кај нас во прилог оди и тоа што имавме блага зима што секако е дополнителен инпут во формирањето на цената на парното, вели Андреевски, кој беше и советник за енергетика на поранешниот премиер Зоран Заев.

Тој вели дека ако цената остане пониска Македонија треба да ги наполни државните резерви односно да распише веднаш оглас за нови количини за резервите и да има нафтени резерви за 90 дена. Тој е категоричен дека случувањата на американскиот пазар се поради зголеменото производство во услови на исклучително ниска побарувачка. Со договорот на ОПЕК производството значајно ќе се намали од мај со што ќе се намали и притисокот на цената на енергенсот. Со тоа се согласува и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски. Тој вели дека ниските цени ќе имаат влијание во Макеоднија, иако и со двајцата разговаравме пред одлуката за зголемувањето на акцизите.

„И Во Европа за каде сме ние врзани паѓа, па тоа ќе има влијание и кај нас. Дополнително намалување ќе ги намалува цените и кај нас, вели Бислимовски.

Дека ефтината нафта значи и шанса за покренување за домашната економија вчера за Фактор тврдеше и Јанис Геруланос, поранешен директор на ОКТА во Македонија.

Владата сепак вчера одлучи да ги зголеми акцизите за три денари со што планира да го намали ударот на буџетот од намалените приходи поради намалената потрошувачка на нафтените деривати.  Владиниот портпарол изјави дека тоа се прави затоа што од јануари до сега цената на нафтата се намалила за 20 денари поради што граѓаните немало да го почувствуваат зголемувањето на акцизите. Рече и дека ако нафтата поевтини за десет денари акцизата ќе се нами за еден денар, а ако во следниот период се намали за 20 денари, акцизата ќе се врати на нивото од завчера односно на тоа пред зголемувањето.

Цената на нафтата на пазарот во САД падна завчера под нулата, односно производителите плаќаа за да им го земаат енергенсот затоа што ако се запре производството тоа ќе ги чини повеќе отколку да празнат складиштата и да ги дополнуваат со новата нафта. Ова се случи прв пат во историјата.

Александра Томиќ 


Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија