04 Мај, 2024
0.0256

ЕКОНОМИЈАТА НА КОЛЕНА: Во Европа повеќе од 7 милиони туристички работници остануваат без работа

Објавено во: Економија, Корона Вирус 28 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Корона кризата ќе остави без работа 7 милиони туристички работници во Европа.

Претстојната туристичка сезона за граѓаните на Европската унија ќе биде многу поразлична од претходните години, бидејќи повеќето и не планираат да одат на летен одмор, пишува американскиот портал „Политико“.

Во овој сектор во ЕУ се вработени 22,6 милиони лица или 11,2 отсто од вкупно вработените во Унијата. 

Туризмот во економијата на ЕУ учествува со 9,5 отсто.

Во Шпанија и во Италија, земјите членки кои се најпогодени од пандемијата, учеството на туризмот во економијата е уште поголем, над 14 отсто, односно повеќе од 13 отсто. 

Туристичките агенции ќе изгубат 70 отсто од заработувачката, а за авио-компаниите и фирмите кои организираат крстарења со брод, тој процент изнесува 90 отсто.

Поради тоа се очекува дека 50 милиони работни места во туризмот, ширум светот, ќе останат затворени, оценува „Политико“.

Грција го разгледува воведувањето на здравствен пасош, кој ќе потврди дека патникот кој доаѓа во земјата нема коронавирус. 

Грција ја нагласи потребата за формирање заеднички протоколи за аеродромите, хотелите, јавниот превоз, угостителството и слично како и формирање Фонд за закрепнување за туризмот на европско ниво.

Властите во Италија и Франција, ги повикаа граѓаните наместо во странство, одморот да го поминат во своите земји.

Австрија планира да дозволи влез на туристи кои доаѓаат од земјите кои успеале да се справат со пандемијата, како што е Германија. 

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски