Економист избра град кој е најдобар за живот
Објавено во: Свет 04 Септември, 2019
Aвстриската престолнина повторно е број еден град за живот.
Виена и оваа година е прогласена за најдобар град за живеење. Ова го покажува годишниот индекс кој го прави истражувачка компанија на весникот Економист.
Виена се гордее со богатството на музиката и уметноста, величенствената архитектура и единствените кафетерии.
Градовите се рангирани врз основа на 30 фактори ставени во пет категории – стабилност, грижа за здравјето, култура и природно опкружување, образование и инфраструктура.
Врз основа на нив, Виена е оценета со 99,1 од 100 можни поени, а зад нив следуваат Мелбурн, Сиднеј и Осака.
Помеѓу 140-те градови, кои се наоѓаат на листата, а врз основа на 30 фактори, најлош град за живот е Дамаск во Сирија.
Според овие информации, квалитетот за живот генерално е подобрен, иако загадувањето и политичките немири го намалуваат животниот стандард во поединечни метрополи.
Високата стапка на криминал и лошата инфраструктура ставиле некои големи градови како Лондон, Париз и Њујорк на пониско место на листата, и покрај добрите културни и кулинарски аспекти.
27 градови станале подобри места за живот, а 15 градови паднале на листата.
Најголем напредок постигнала престолнината на Порторико, Сан Хуан, која напредувала за 20 места и се искачил на 69. позиција.
Сиднеј е единствениот град кој влегол во првите 10 благодарение на напредокот во заштитата на животната средина.
фото Википедија