03 Мај, 2024
0.0251

Економскиот раст на еврозоната го забави темпото во третото тромесечје

Објавено во: Анализа 15 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Економијата на еврозоната се рашири помалку од очекуваното во третото тромесечје, покажуваат последните податоци на Евростат. БДП пораснал за 0,1% во трите месеци до крајот на септември во споредба со растот од 0,3% три месеци претходно. Измерен на годишна основа, БДП на еврозоната е намален за 0,4 отсто во тромесечјето иако очекувањата беа тој пад да биде од 0,3%. Објавените податоци покажуваат дека француската економија го продолжува падот во трите месеци сметано до крајот на септември. Податоците на Националниот институт за статистика и економски истражувања покажуваат пад на БДП на втората по големина економија во ЕУ од 0,1% на тримесечна основа во периодот од јули до септември. Во претходното тро месечје беше забележан раст од 0,5%. Пресметано на годишно ниво, првичната оценка на БДП покажа раст од 0,2% останувајки малку под пазарните прогнози за раст од 0,3%. Три месеци претходно беше забележан раст од 0,5 %. Во исто време БДП на Германија, единствената економија во еврозоната која избегна рецесија бележи раст во рамки на поставените очекувања во третото тримесечје покажуваат истражувањата на федералниот статистички институт Destatis. Германската економија која е одговорна за повеќе од една четвртина од БДП на целата еврозона постигнала раст од 0,3% во последното тромесечје. Во претходните три месеци имаше раст од 0,7%. К. К.

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад