03 Мај, 2024
0.0261

Eксперимент кој потврдува дека растенијата нема да пораснат, кога се во близина на Wi-Fi рутер

Објавено во: Стил 06 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Не е тешко да се разбере желбата за „Wi-Fi“.

Оваа револуционерна технологија која е во трговската мрежа од 1999 година, ги отстранува каблите за компјутери, се намалуваат давачките за клеточно користење и ни овозможува да се врземе на интернет од секое место со сигнал.

Иако овие придобивки се супер, меѓутоа, истражувањата продолжуваат да покажуваат дека радијацијата, генерирана од безжични рутери се одразува негативно на нашето здравје. Сајтот на Британски активист „Stop Smart Meters“ неодамна објави листа со 34 научни истражувања кои докажуваат неповолни биолошки последици од изложеноста на „Wi-Fi“ рутерите, вклучувајќи и студии кои се поврзуваат со главоболка, намален број на сперматозоиди и оксидативен стрес.

Најновите истражувања за опасностите од „Wi-Fi“ рутерите сепак, доаѓаат од изненадувачки скромен извор: Пет студентки од Данска, чиј научен експеримент покажал дека безжичното зрачење е катастрофално за растенијата.

Експериментот започнал кога петте студентки се почувствувале дека имаат тешкотии за да се концентрираат за на училиште, ако спиеле во близина на нивните мобилни телефони претходната вечер. Заинтригирани од овој феномен, студентките се обиделе да ги истражуваат ефектите од радијацијата на мобилниот телефон на луѓето.

За жал, нивното училиште им попречило да се занимаваат со овој експеримент, поради недостаток на ресурси, па наместо тоа учениците се одлучиле да ги истражуваат последиците од „Wi-Fi“ зрачењето (споредливи по сила со радијацијата од мобилен телефон) на растенијата.

Девојките поставуваат шест саксии со семињата „Lepidium Sativum“ (градинарски крес одгледуван комерцијално во цела Европа) во една соба без зрачење и еднаков износ во една соба, во непосредна близина до два „Wi-Fi“ рутера. Во 12-дневен период, тие ги гледале, ги мереле колку тежат и ги фотографирале резултатите. Сепак, уште пред да го дочекаат 12-тиот ден, конечните резултати се очигледни: семињата од крес, поставено во близина на рутер или не пораснале или биле целосно мртви, а семето сместено во собата без радијација цути во здраво растеније.

Експериментот на петте студентки ги заработил најголемите награди во регионален научен конкурс. Освен тоа, според наставникот во училиштето, Ким Хорсевад, професор по неврологија во Каролинска институт во Шведска, тој бил толку импресиониран од експериментот и бил заинтересиран за повторување на истиот во контролирана научна средина.