ЕКСПЛОЗИЈА ВО ЏАМИЈА: Колку верници загинаа?
Објавено во: Свет 01 Мај, 2018
Во експлозија пред и во џамија во нигерискиот град Муби загинаа повеќе од 37 луѓе, информираше полицијата. Се претпоставува дека нападот е извршен од припадници на екстремистичката група Боко Харам.
„Пренесовме десетици убиени и повредени во болница, а спасувачката операција продолжува. Сѐ уште е тешко да се утврди точниот број на жртви, бидејќи сѐ уште ги евакуираме. Тука е хаос,“- изјави спасувачот Хабу Салех.
Нигерискиот претседател, Мухамаду Бухари на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, изјави дека Боко харам е „ужасен проблем“ за Нигерија.
Во нигериската сојузна држава Борно при минатонеделниот напад на џихадистичката група Мајдугури загинаа четири лица.