29 Април, 2024
0.0269

Елвис Бајрам повреден во масовна тепачка за изборни плакати

Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Елвис Бајрам го извлекол подебелиот крај во масовна тепачка која избила во населбата Шуто Оризари, наводно поради кавга за изборни плакати на противничка партија. 

Според изјавите на Курто Дудуш, актуелниот градоначалник на Шуто Оризари со свои приврзаници дошол до штабот на противкандидатот поддржан од СДСМ и таму започнале да ги тргаат неговите плакати. Тогаш реагирал сопственикот на куќата каде е сместен штабот, започнале физичка пресметка, а се вмешале и луѓе од соседството. Елвис Бајрам завршил со расекотини и повреди на главата.

„Јас сум повреден со шипка, а градоначалникт со шипка и секира и апелирам да се превземат мерки.“ - вели Аднан Мемет, помошникот на Елвис Бајрам.

Пред болницата беа собрани поддржувачи на Бајрам, како и неговиот татко пратеникот Амди Бајрам кој повика МВР во најбрзо време да го расчисти инцидентот.

„Министерот да го спроведе по закон, дали е нашата страна виновна, ако е да го притвори. Јас сум лидер од 1995 на Сојузот на Роми и имаме штабови во Шуто оризари, на сила избори не сакаме.“ - вели Амди Бајрам.

СДСМ најостро ја осуди пресметката и го повикува Министерството за внатрешни работи да го расчисти инцидентот и да ги пронајде виновниците.

„Ги повикуваме сите граѓани и политички субјекти да не подлегнуваат на провокации и да останат посветени на спроведувањето фер, слободни и демократски избори“ - се наведува во соопштението на СДСМ.

За ВМРО-ДПМНЕ ова преставува уште едно грубо и брутално нарушување на изборниот процес. Според партијата постојат серија на груби прекршувања на изборниот закон и инциденти на кои полицијата и институциите на владата предводена од СДСМ молчат.



Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце