27 Април, 2024
0.0279

ЕНЕРГЕТИКА: Лани Македонија увезла речиси 700 000 тони нафта!

Објавено во: Економија 23 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Минатата година во Македонија се  увезени 688 898 тони сурова нафта потрошени за производство на нафтени продукти, додека пак расположливите нафтени продукти за финална потрошувачка изнесуваат 865 748  тони. Најмногу е потрошено дизел гориво , потоа моторен бензин  и мазут.  Следуваат нафтен кокс, природен течен гас ТНГ  и керозин и млазни горива. Табела – Расположливи нафтени продукти Во 2011 година најмногу нафтени производи се потрошени во сообраќајот односно и 456 682 тони, при што најголемиот дел отпаѓаат на патничкиот сообраќај каде се потрошени  449 499 тони,  додека останатите се во железничкиот и воздушниот сообраќај. Според потрошувачката на нафтените производи следна на листата е индустријата каде се потрошени  231 792 тони нафтени продукти. Од индустриите најмногу нафтени производи трошеле индустријата на градежен материјал и керамика, потоа индустријата за железо и челик и прехрамбената индустрија. Моторен бензин Минатата година , во земјава потрошени се 130 191 тони моторен бензин од кои 129 797 во патниот сообраќај , а останатиот дел во земјоделството и воздушниот сообраќај. Според податоците од Заводот за статистика , лани во земјава се увезени 62 783 тони моторен бензин а извезени се 54 699 тони. Произведени се 109 563 тони а имало и 12 543 тони залихи. Дизел горива Лани во Македонија се потрошени 414 912 тони дизел и горива за ложење, а најмногу или 284 991 тони се потрошени во патничкиот собраќај, во индустријата се потрошени 49 133 тони додека во домаќинствата  34 192 тони. Според податоците на Државниот завод за статистика увезени се 334 734 тони а извезени се 184 362 тони . Залихите се во минус за 11 393 тони а произведени се 277 693 тони.  Енергетските компании потрошиле 2 087 тони.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра