26 Април, 2024
0.1729

Есенски базар на уникатни современи уметнички творби

Објавено во: Мои пари 31 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Од 3 до 5 ноември во најголемиот трговски центар во Скопје, City Mall ќе биде организиран голем Есенски базар на уникатни современи уметнички творби, кои рачно ги имаат изработено мајстори - креативци. 


Станува збор за повеќе од 20тина индивидуалци, artisans – уметници, и 18 брендови, кои ќе ги претстават пред јавноста своите најнови и оригинални производи. Па така, овие три денови, посетителите ќе имаат можност да купат автентични производи од филигран и модерен накит, преку рачно изработени чанти и чевли, до дрвени пеперушки, оригинално нацртани маички, саксиички, сувенири и играчки за деца, брошови, урбани принтови и рачно изработени шалови на разбој. 


Станува збор за имиња и брендови како Mei Ro, Глигор Кузмановски, Ani Soro, Shoewondercrafts, Woodyz, Morpho, Kare workshop, Little things, Farina's handmade, Карло Хорват, Em Ellephantski, Елена Ристовска, UrbanЕra, AnArt, Huggable Dolls - amigurumi, Mighty jewlery, Bulberry и Windmill Shop.


Секој рачно создаден производ е бесценета приказна, која го заокружува целиот вложен труд на овие креативци, време, внимание и посебно вложена љубов во секој детал од нивната работа. Секој од нив има изградено свој препознатлив уникатен стил, кој раскажува шарени визуелни приказни, со убав почеток и крај, приказни, кои долго ќе се паметат и со радост ќе се раскажуваат. Визуелната комуникација за овие уметници претставува клучна инспирација, моќта да допрат до некого најдлабоко, без притоа да разменат ниту еден збор. 


Деликатно направениот избор на уметници само ќе го доразубави просторот во City Mall, кој агилно се грижи да ги поддржи занаетчиите, кои рачно изработуваат автентични производи.

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет