Добивај вести на Viber
Финансиска помош од 5 милијарди евра одобри Европската унија за Египет, бидејќи државата економски ослабна како резултат на немирите и осимнувањето од власт Хосни Мубарак.
Како што стои во соопштението на кабинетот на египетскиот претседател Мохамед Морси, Европската инвестициска банка на Каиро ќе одобри кредит вреден две милијарди евра, Европската банка за обнова и развој исто така одвоила 2 милијарди евра, додека останатите 1 милијарда евра ќе ги одвојата за Египет земјите членки на Европската Унија.