28 Април, 2024
0.0270

Еве како Богатиот станува побогат!

Објавено во: Анализа 06 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Според последните квартални податоци економијата на САД порасна со солидни 2,5%. Иако тоа беше помалку од очекувањата сепак мора да се принае дека од сите развиени економии САД се снаоѓа најдобро со кризата. Европа се чини дека сега го доживува главниот удар, додека пак Јапонија се мачи како да стимулира посилен развој. Мора да се напомена и дека главниот удар почна во САД и тие имаа најмногу време да се адаптираат, тука секако е федералноста на државата која овозможува одлуките да се носат на многу побрз и поефикасен начин отколку во Европа, како и главната улога која земјата сеуште ја има во светот.

Сепак едно интересно истражување покажува дека од тоа обичните луѓе немаат фајде. Појавувањето на здруженија од типот на “Окупирај” тоа го зборува и без вакви истражувања, велејќи дека нееднаквоста е страшно голем проблем кој ја влече Америка надоле и дека кога тогаш овој проблем ќе пукне. Очекувано ваквите повици беа ингнорирани од елитите кои очекуваат работите да продолжат да си се движат како што си се движеле. Овој едноставен графикон покажува зошто тоа е така: Ова е просечното нето-богаство на најбогатите 7% и на останатите 93%. И покрај растењето на БДП и намалувањето на стапките на невработеност, богатите станеле значително побогати, додека останатиот народ губи од своето богатсво, кое и вака и така го има значително помалку од поимотните. Истражувањето покажало дека главната причина за ваквата ситуација е начинот на кој се инвестираат парите. Логично оние кои имаат помалку пари гледаат да си обезбедат куќа те покрив на главата додека оние кои имаат вишок може да дозволат да инвестираат. Епа во овој двегодишен период берзата пораснала за 84%, додека  просечната вредност на куќите паднала за 5%. Логично богатите станале побогати, додека останативе немаат вишок па нивната актива зависи од вредноста на нивната куќа и тоа што го должат кон банките. Едноставно кога има помалку пари имате и помалку избор и ова е само природен процес на работите и не е дел од некаков голем заговор за нееднаквоста. И токму поради ова овие 93% се борат да бидат дел од 7те, додека тие гледаат да останат таму што подолго можат. Редакција Фактор