ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОЛЕТТВА - Славчо Попоски со прогноза за следниве месеци
Објавено во: Македонија 28 Март, 2024
Во текот на оваа пролет големи се условите за позитивно отстапување на температурите во нашиот дел од Европскиот Континент, односно условите за позитивно отстапување на температурите на 2 метри висина се дури за повеќе од 70 отсто за остварување.
- Оваа пролет ќе имаме многу топли денови, често ќе имаме и натпросечно високи температури како што погоре напоменавме и ќе бидеме под влијание на јужните топли струења.
Што се однесува до врнежите, тие ќе бидат околу, или над просекот. Тоа значи дека како ќе се загрева Атмосферата со топлото време и со се повисоките температури на воздухот, така ќе се создаваат се поголеми услови за формирање на нестабилни Атмосферски процеси, односно грмотевични облаци - пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Притоа додава дека оваа пролет повремено очекуваме и појава на временски непогоди со појава на град и силен ветер.
- Поради тоа што се работи за долгорочна и сезонска анализа на времето за период од 3 месеци, секако дека се можни отстапувања или промени во временската состојба. Затоа нашите граѓани најдобро е редовно да ги следат нашите краткорочни анализи на времето кои секојдневно ги објавуваме преку МетеоАларм, и истите се со можност за остварување за повеќе од 90 проценти - нагласува Попоски.