02 Мај, 2024
0.0249

Еве која храна не чува од рак! И коja не треба да ja јадеме никогаш!

Објавено во: Стил 02 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Веќе со години доктор Људмила Емилова совети како секој од нас кој нема време и средства, за да се погрижи за здравјето во нејзините т.н.. дебелариуми. Дали навистина храната може да лекува човек ? Се обративме со овие прашања кон д-р Емилова.

- Д-р Емилова, што треба да подготвуваме дома, за да се храниме здраво?

- Храната треба да помине низ што помалку термичка обработка. А тоа значи дека колку помалку ја подготвуваме, толку поздрави ќе бидеме, како и со нормална тежина.

- Треба да внимаваме и во количините, нели?

- Се разбира, но ако сакаме да си јадеме повеќе, можеме да претеруваме само со количината на овошјето и зеленчукот. Тие нема да не направат дебели или пак да не разболат. Основно правило е сепак да џвакаме многу добро, долго и континуирано. Тогаш ќе бидеме сити, бидејќи самото џвакање дава чувство на ситост, храната се зема подобро и немаме проблеми со стомакот. А на овој начин и подолго уживаме во вкусот на јадењето без да преземаме големи количини.

- Велите да јадеме овошје и зеленчук, но повеќето од нив се прскани со хемикалии против штетници. Дали е правилно да посегнуваме кон нив? - Така е, но еден од најголемите нутриционисти во светот - Џоел Форман вели дека подобро да јадеме суровини од овошје и зеленчук со малку хемикалии во нив, отколку да ја јадеме храната од животни. Во последните секогаш се присутни хемикалии - хормони, антибиотици, конзерванси и што ли уште не, што се дава на животните.

- Но каков е вашиот совет - дали да се откажеме целосно од месото?

- Зависи дали сакаме да јадеме месо или не. Најдобро е, се разбира, да не јадеме месо, но ако проценуваме дека не можеме да се откажеме од него е подобро да го јадеме поретко. Според мене, сепак треба да се обидеме да се ослободиме од животинските видови храна. Нема подобар начин да сме здрави од тоа да се откажеме од овој тип производи. Тука е местото да кажам дека не треба да се заменат месото со бело брашно и бел шеќер. Тоа не е здрава исхрана и можеме да бидеме исто толку болни ако јадеме животински производи. Ризикот дефинитивно е голем. Не смеат да се заменат едното со другото.

- Претпоставувам дека сте противник на нашата сакана сланина?

- Тоа не е штетното нешто што како човек може да го каснете. Ако јадеме сланина, која не е пржена, печени или варени, а само сурова и не многу солена, можеме да си ја дозволиме од време на време. Но препорачувам да е во мали количини.

- Треба ли да користиме многу зачини или не? - Зависи од тоа колку е подготвен стомакот да ги прифаќа зачините. Убаво е да ги имаме во менито, но во количества, во кои нема да му наштетат. - Неодамна се проговори за чудесната сила на ѓумбир, тој е дел од многу диети и рецепти. Раскажете ни повеќе за него?

- Тој е навистина неверојатен. Но треба да се зема внимателно од луѓе кои имаат проблеми со стомакот. Не е важно дали станува збор за чај или за рецепт, според која треба да го конзумираме и да го измешаме со нешто.Неверојатно е за подобрување на имунолошкиот систем при секаков вид инфекции. Знаеме дека често имаме некакви воспаленија, какви и да се тие, тоа е отворена врата за ракот. Значи Ѓумбирот може да се зема како неверојатна алатка против инфекции и против рак. Но, важно е да не го малтретира организмот, како што реков веќе. Има еден многу популарен и тестиран рецепт за лекување на болки во зглобовите - се сецка корен од ѓумбир, се меша со мед и се зема по една лажичка од овој чудотворен лек наутро, напладне и навечер. Ако сакаме да ја прифаќаме оваа смеса, треба за започнеме со сосема мали количини.

- Вие го спомнавте ракот. Може ли само со помош на правилна исхрана да се ослободиме од тешки болести како туморите?

- Категорична сум дека можеме да се заштитиме. Правени се истражувања. Меѓу група од канцерозни клетки се ставаат различни видови храна. Се гледа дека таму каде што се стави лук, развојот на ракот запира. И тоа се покажа најдобро средство против него. А знаете дека тој е користен со векови. Сега повторно се докажа колку е корисен. Истото се однесува и за гравот. Знаете дека луѓето преживеале бидејќ јаделе од него во поголемиот дел од годината. Во последните години се покажа дека тој е повеќе корисен отколку што сме си мислеле. Тој може да нè заштити од дијабетес, како и дури и да не излечи. Се враќаме назад кон она што го знаеме од прабабите и прадедовците и начинот на кој тие живееле и се хранеле. А ако ги додадеме и постите, околу 200 дена во годината, со помош на кои сме оттргнати од цела животинска храна, еве еден прекрасен рецепт за долг и здрав живот.