01 Мај, 2024
0.0257

ЕВРОПА ВО СТРАВ: Џихадисти излегуваат од затвор

Објавено во: Свет 10 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Во наредните две години осудените за тероризам ќе излезат од европските затвори, а како што пренесува "AP", станува збор за 200 лица кои во голема мера го формирале првиот бран на џихадисти кои се бореле во Сирија и Ирак, „сонувајќи за исламски калифат", кој уште не е воспоставен. 

Како што наведува американската агенција, од околу 12.000 Европејци колку што заминале да се борат на страната на ИСИС и Ал Каеда, третина од нив веројатно се вратиле во својата татковина, каде живеат слободно.

Некои од нив чекаат судење, но повеќето од нив никогаш не се соочиле со сериозни обвиненија поради недостиг на докази. Прашање е колкава закана претставуваат овие екстремисти.

Претстојното ослободување на ветераните џихадисти би можело да се смета за "четвртиот бран на повратници", оценува научникот од белгискиот Егмонт Институт, Рик Кулсет.

Претстојното ослободување на ветераните џихадисти би можело да се смета за „четвртиот бран на повратници", изјави научникот од белгискиот Егмонт Институт, Рик Кулсет.

Според  Европол, затворските казни за тероризам во Европа во просек траат околу шест години, за разлика од САД каде просекот е 13 години. ОД 2015. година казните се зголемиле, но и натаму се под просекот во САД.

Франција ќе ослободи 57 затвореници, што е половина од вкупниот број на оние кои се осудени за тероризам.

Во Велика Британија 25 затвореници чекаат да бидат ослободени, во Белгија веќе се ослободени околу 80 странски борци, а уште 44 ќе бидат ослободени наскоро. 

Во Шпанија 21 лице кое се борело во странство веќе било ослободено лани, додека во БиХ и на Косово секој затворен странски борец ќе биде ослободен набрзо.

Во сите наброени држави, повеќе од 200 затвореници ќе бидат ослободени, но тој број веројатно ќе биде и поголем бидејќи не објавиле сите држави податоци, како Германија во која околу 1.000 граѓани биле во воените зони, но нема податоци за нивно осудување или ослободување.

Можеби ќе ве интересира

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа