03 Мај, 2024
0.0257

Eвропска држава протерува имами и ќе затвора џамии

Објавено во: Свет 08 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Австриската десничарска Влада ќе затвори седум џамии и ќе протера околу 60 имами во борбата против „политичкиот ислам“ и странското финансирање на џамиите. 

Се вели дека ова  „е само почеток“ на притисокот против исламистичката идеологија и странското финансирање на религиозни групи.

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц кажа дека неговата Влада ќе ја затвори турската џамија во Виена и ќе ја распушти Арапската верска заедница, која води шест џамии.

Седумте џамии ќе бидат затворени по истрагата на верските властите за сликите што се појавија во април со деца во џамија поддржана од Турција како глумат мртви во реконструкција на битката на Галиполи од Првата светска војна, меѓу Антантата и Отоманската Империја.

На фотографиите со децата, објавени од неделникот Фалтер, се гледаа млади момчиња во маскирни униформи што маршираа, поздравуваат, мавтаат со турски знамиња и потоа глумат дека се мртви.

Нивните „трупови“ потоа се наредени и завиткани во знамињата.

Џамијата ќе биде затворена врз основа на закон од 2015 година со кој се забранува финансирањето џамии од странство и им се наметнува на муслиманските заедници обврска да имаат „позитивно основно гледиште кон австриската држава и општество“, пренесе Ројтерс.

Можеби ќе ве интересира

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место