02 Мај, 2024
0.0254

Европска земја на чекор да го повлече признавањето на Косово

Објавено во: Балкан 11 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Чешка наскоро може да го повлече признавањето на Косово, за што имаат и  образложение. 

Прага се преиспитува и може да го повлече признавањето на независноста на Косово.

„Држава која е предводена од воени злосторници не треба да биде во заедница на демократски земји“, изјави денес чешкиот претседател Милош Земан за време на посетата на Белград. 

Тој се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ. Земан потсети дека косовскиот премиер Рамуш Харадинај поднесе оставка бидејќи беше поканет на сослушување во Хашкиот трибунал.

„Мило ми е дека министерот (за одбрана Лубомир) Метнар изјави дека беше грешка да се признае Косово. Тој веројатно ќе биде од моја страна, а кој ќе биде на другата страна, ќе видиме за месец дена“, рече Земан.

Претставниците на официјална Приштина го откажаа планираното учество на самитот на Вишеградската група и Западен Балкан во Прага, поради најавата на чешкиот претседател дека наското во својата земја ќе го покрене прашањето за можно повлекување на признавањето на Косово, пренесува агенцијата ЧТК, повикувајќи се на неименувани дипломатски извори.

Tринаесет држави го повлекле признавањето на Косово, а уште десет може да го сторат истото. 

„Постојат веродостојни информации дека е можно уште десет држави да го повлечат признавањето на Косово“, изјави неодамна косовскиот вицепремиер во оставка, Енвер Хоџај, пренесува „Бета“.

Тој во емисија на КТВ изјавил дека од една соседна држава добиле информации дека Србија подготвува кампања за повлекување на признавањето.

Според српскиот министер за надворешни, Ивица Дачиќ досега 15 земји го повлекле признавањето.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“