09 Мај, 2024
0.0242

Евтини лукот и зелката, скапи доматите,компирите, лимоните

Објавено во: Агробизнис 15 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Податоците на Државниот завод за статистика, покажуваат најголем пораст на цените на земјоделските производи на зелените пазари во март 2013, во споредба со истиот месец од 2012 година кај црвените домати, компирите и лимоните. Најголемо намалување на цените е забележано кај лукот и зелката.
Најголемо зголемување на најчестите цени на земјоделските производи на пазарите на големо во март 2013, во споредба со истиот месец од 2012 година, се забележува кај компирите, кромидот и кивите. Најголемо намалување се забележува кај лукот и зелката.