11 Мај, 2024
0.0255

Facebook денес полни 12 години-Еве како се трансформираше во текот на годините!

Објавено во: Стил 04 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Најголемата социјална мрежа во светот ќе наполни 12 години денес.

Основана во 2004 година од Марк Цукенберг, компанијата постигна сериозни успеси во краткото постоење. Таа е посетувана секојдневно од над една милијарда луѓе во светот, и го направи својот основач петтиот најбогат човек во светот.

Еве како се трансформираше социјалната мрежа низ годините, според Business Insider:

1(1847)

Оригиналниот дизајн на почетната страница на Facebook од 2004 година вклучува мала слика на Ал Пачино во горниот лев агол, а првичнара интернет адреса е thefacebook.com.

2(1988)

Во 2005 година во почетната страница на листата се сите училишта во кои мрежата е претставена а сликата на Ал Пачино сеуште фигурира на почетната страница.

3(1842)

Година подоцна социјалната мрежа се откажува од набројување на училиштата, и се одлучува на едноставен дизајн при најава страницата.

4(1637)

Во 2007 година за прв пат се воведува добро познатото лого на компанијата на насловната страница, и се вклучуваат и "последни вести" од пријателите.

5(1385)

Во следната година Facebook продолжува да ја подобрува својата почетна страница, обезбедувајќи опции за запишување.

6(1198)

Во 2009 година за прв пат се вклучува дијаграмот на "поврзаниот свет", која останува до 2011 година.

7(1043)

Facebook го менува логото во 2010 година, но ја задржува својата почетна страница без значајна промена.

8(874)

Речиси ништо суштинско не менува во дизајнот оваа компанија и во 2011 година

9(778)

Во 2012 година социјалната мрежа се откажува од дијаграмот за "поврзан свет", кој го заменува со телефон.

10(657)

Во 2013 година компанијата застанува на дизајн кој го задржува без значајна промена во следните неколку години. Во следните две години почетната страница е без промена. 2

015 беше голема година за компанијата, кога таа за првпат ја достигна границата од 1 милијарда активни корисници на ден. А еве како изгледа почетната страница денес:

face