Фахрудин Хамиди на чело на М-НАВ на местото на Николче Тасески
Објавено во: Економија 03 Ноември, 2020
Фахрудин Хамиди е запишан како нов претседател на Управниот одбор и извршен директор на „Воздухопловни навигации“.
Хамиди на чело на акционерското друштво за управување и контрола на цивилниот воздушен сообраќај во Македонија доаѓа на местото на Николче Тасески.
Владата пред десетина дена му препорача на Надзорниот одбор на М-НАв да го избере Хамиди за член на Управниот одбор.
Одлуката за Хамиди да биде член на УО била донесена на 30 октомври, а истиот ден е поставен и за негов претседател и за извршен директор.
Хамиди од Скопје претходно бил менаџер за безбедност во компанијата.