29 Април, 2024
0.0290

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Беровчанец добил сепса по дренирање на заб и починал, а Бектеши најави дека ќе преземаат мерки против кражбите на струја

Објавено во: Македонија 25 Август, 2022

Добивај вести на Viber

ПОЧИНА МЛАД БЕРОВЧАНЕЦ

Младиот беровчанец Јован Димовски починал откако добил сепса по дренирање заб во штипската болница. За случајот преку социјалните мрежи информираа негови блиски.

„Само во нашата држава, само со нашето здравство, само со нашите „професионални“ доктори во штипската болница може да се случи ова: Со 20-годишен стаж да направиш интервенција на заб и да ставиш еден обичен дрен наопаку. Па, да предизвикаш сепса и пациентот да го пратиш дома со што предизвика на Ванчо животот да згасне на само 25 години… СРАМ ЗА ЦЕЛА ДРЖАВА!!! Каде живееме ние, какво здравство имаме, дали веќе еден ден некој ќе одговара за секојдневниот хорор во таа штипска болница. Колку животи згаснаа само поради невнимание. До кога нашиот народ ќе се лекува само со „како е рекол Бог“…. Дали во 21 век треба да се случи таков срам? Ангелу наш ти почивај во мир. А тие нема да спијат мирно“, пишува Слаџана Ризинска.

25 годишното момче од Берово на 23 август е префлено од Клиничката болница во Штип во многу тешка состојба и на респиратор, со знаци за тешка системска инфекција. И покрај напорите на медицинскиот тим на КАРИЛ и дадената соодветна медицинска нега, пациентот починал за помалку од 24 часа.

ЕВН ЌЕ РАБОТИ НА ТЕРЕН ВО АРАЧИНОВО

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска на прес - конференција изјави дека со жителите на Арачиново и со ЕВН разговарале отворено и транспарентно за загубите на енергија. 

Повика сите да ги почитуваат законите и да нема штета на снабдувањето со електрична енергија. 

„Да, точно е дека има загуби на енергија, но не се само во Арачиново, и да се земе дека во Арачиново се краде електрична енергија. Во секоја општина, па и во секое семејство има некои кои не ги почитуваат регулативите. Од понеделник екипите на ЕВН ќе дојдат, ќе работат на терен и ќе наплаќа“, рече Бектеши. 

РУСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ЈА ПРИЗНА МПЦ - ОА

Руската православна црква денеска ја призна МПЦ – ОА како автокефална сестринска црква.

Членовите на Синодот, се вели во објавата на Руската православна црква, изразија надеж дека МПЦ – ОА, најмладата во семејството на автокефалните православни цркви, цврсто ќе ја зачува светата православна вера во чистота и интегритет и ќе ја запази верноста на православната канонска традиција.

СИНОТ НА БУХОВА СЕ ВРАБОТИЛ ВО АЕК

Радио Слободна Европа објави дека нововработен во Агенцијата за електронски комуникации е Ѓоко Бухов, син на директорката на Државниот здравствен инспекторат Иринка Сотирова Бухова, како помлад соработник за човечки ресурси. 

Таа за РСЕ одговори дека нејзиниот син е вработен во АЕК минатата година, откако конкурирал на оглас. Претходно конкурирал за работа во АД Водостопанство и приватната фирма Лука Мобил, но не бил примен. 

Од АЕК велат дека неговиот прв договор на определено време од една година бил склучен во април 2021, и годинава е продолжен на уште една година.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Македонците од Албанија се категорични дека во оваа земја нема бугарско, туку македонско малцинство кое Бугарија по пат на пропаганда  сака да го прикаже како нивно.

Во тек се градежни активности и инсталирање на сосема нова дијагностичка апаратира во скопските поликлиники на Здравствен дом – Скопје. 

Каква разрешница ќе добие случајот со преземањето на податоци од Централниот регистер од компанијата „Таргет груп“, за која ЦРМ уште пред шест години поднесе кривична пријава, а во моментов на него е ангажирано Јавното обвинителство. 

Неговото височество профитот е најпосакуваната категорија за секој инвеститор што вложува во акции. И сега во овој период во нивниот фокус се добивките на домашните компании чии акции котираат на берзата.

Премиерот Димитар Ковачевски во ажурираниот анкетен лист во Државната комисија за спречување на корупција и судир на интереси за прв пат додава дека од оваа година, покрај сите претходни заштеди, поседува орочен денарски депозит - од милион денари во Стопанска банка.  Во 2022 наведено е дека и неговата сопруга има орочен денарски депозит од 1.042.730 во НЛБ банка.

Дваесеттина пациенти се потпишале, а дел од нив денеска се организирано се собраа пред приватната клиника „Жан Митрев“, за да, како што рекоа, искажат поддршка на кадарот кој ги лекувал додека биле болни од корона вирусот.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце