01 Мај, 2024
0.0286

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Болничарката заразена со конго - кримска хеморагична треска го прима лекот рибавирин

Објавено во: Македонија 10 Август, 2023

Добивај вести на Viber

БОЛНИЧАРКАТА ЗАРАЗЕНА СО КОНГО-КРИМСКА ТРЕСКА ГО ПРИМА ЛЕКОТ РИБАВИРИН

Заразената болничарка со конго-кримска хеморагична треска од денеска влегува во потешка фаза на болеста во која се очекува крварење. Таа е хоспитализирана веќе неколку дена на Клиниката за инфективни болести, а веќе од денеска е одлучено да почне да прима терапија со антивирусниот лек рибавирин.

Директорката на Инфективната клиника, д-р Милена Стевановиќ во текот на вчерашниот ден за Фактор изјави дека нивната колешка е во стабилна состојба, но дека се очекува да влезе во потешката фаза. Таа до вчера не го примаше лекот.

-Во однос на дилемите во јавноста дали требало порано да се даде лекот, не не требало. Ние се држиме до искуствата од светот и делуваме исправно со секој чекор. Колешката е во стабилна состојба, но сега влегува во фаза во која се очекува крварење. Пациентката ја гледаме под лупа, и со анализите од крвта и со клиничката слика. Одлучено е и проценето е дека денеска треба да почнеме со лекот рибавирин. Не требало порано да дава лекот, сметаме дека сме на добар пат. За жал, нема напишано во светската литература ниту е зборено, колкав е бенефитот, колкав е процентот од преживувањето на пациентот со давањето на овој лек.

Станува збор за антивирусен лек и целта е да се спречи размножувањето на вирусот и да се намали неговата моќ. Овој лек може да има несакани ефекти и затоа во нашето лекување се вклучени хематолог и трансфузиолог, потенцираше во изјавата за медиумите д-р Стевановиќ.

НА КОЊИТЕ ВО ЗОО ИМ БИЛ ДАДЕН ОТРОВ

Зоолошката градина во Скопје извести дека обдукциските резултати покажале дека на ретките видови коњи кои угинаа се отруени со брзоделувачки отров.

-Официјалните резултати од обдукциските наоди покажуваат дека сортните коњи во ЗОО Скопје се отруени со брзоделувачки отров. Резултатите од обдукцијата се доставени во МВР и во Агенцијата за храна и ветеринарство за понатамошно постапување. ЗОО Скопје поднесе и официјална кривична пријава, а по сторителот активно се трага и се проверуваат сите снимки од безбедносните камери. Ваквиот срамен и кукавички чин силно го осудуваме и апелираме до МВР и Обвинителството да постапат што е можно побрзо со цел санкционирање на сторителот, информираат ЗОО Скопје.

ПОЖАРИ НА ХАВАИ, ПОПЛАВИ ВО ЈУЖНА КОРЕЈА

Дрвја експлодираа од силината на огнот кој беснее со денови на Хаваи. 

Даниел Саливан е фотограф кој живее во Лахаина. Зборувајќи за Би-Би-Си, тој изјави дека имале „три различни пожари околу куќата“.

Повеќе од 10.000 луѓе се евакуирани во Јужна Кореја поради поплави, училиштата се затворени, а има и откажани летови. Околу 350 летови и 410 сообраќања на возови се откажани во Јужна Кореја. Нема пријавено жртви засега. Околу 1.600 училишта се затворени или префрлени на учење од дома.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Домашните комерцијални банки нудат различен имот на продажба кој останал во нивна сопственост, најчесто поради ненаваремно исплаќање на рати за кредити. Од станови, куќи до дуќани, но и разни производствени погони. Изборот е голем, но се забележува оти банките на продажба нудат неколку имоти кои се во рамки на Градскиот трговски центар во Скопје.

Многу луѓе сонуваат за работа во странство, а голем е бројот на оние кои веќе го реализирале тој план. Но, ги прашавме оние кои посредуваат при вработување во странство, дали постојат случаи македонски работник да отиде во странство, да не може да се прилагоди на работните обврски и да се врати назад.

Сума од 15 милиони евра за реконструирање на двата македонски аеродроми се уште не е потрошена по повеќе од две и пол години од донесувањето на ТАВ-програмата. Последната одлука на Владата донесена минатиот месец е овие 904 милиони денари да ги контролира акционерското друштво во државна сопственост „Аеродроми на РСМ“ и да послужат за модернизација и проширување на терминалната зграда само на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.

Додека скопјани ја очекуваат есенската „честитка“ за цената на парното, односно одлуката на регулаторите за тоа дали ќе има и за колку зголемување на цената, две од трите друштва на ЕСМ кои го обезбедуваат главниот град со топлинска енергија, натрупале прилично големи долгови.

Состојбата со појавата, а особено по смртта на 27 годишната жена од конго-кримска хеморагична треска по каснување од крлеж беше сериозен аларм нашите здравствени власти да се ангажираат веднаш и да ги покренат сите механизми за превенција на населението во Македонија од ова сериозно вирусно заболување, вели во разговор за Фактор директорката на Клиниката за инфективни болести, д-р Милена Стевановиќ. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија