22 Мај, 2024
0.0370

РИБАВИРИН Е ЛЕКОТ ЗА КОНГО-КРИМСКАТА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА: Се дава на пациенти со најтешка клиничка слика, д-р Стевановиќ за Фактор

Објавено во: Македонија 10 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Состојбата со појавата, а особено по смртта на 27 годишната жена од конго-кримска хеморагична треска по каснување од крлеж беше сериозен аларм нашите здравствени власти да се ангажираат веднаш и да ги покренат сите механизми за превенција на населението во Македонија од ова сериозно вирусно заболување, вели во разговор за Фактор директорката на Клиниката за инфективни болести, д-р Милена Стевановиќ. Истакнува дека се реагирало навреме и во координација со многу организации, институции, со држави кои веќе имаат искуства во справување со епидемии на конго-кримска хемортагична треска.

-Ова заболување кај нас не постои со децении. Поголемо искуство имаат колегите од Косово, Албанија, Грција Турција. Кај нив се случуваа епидемии на конго-кримската хеморагична треска при што заболуваа цели семејства кои се занимаваат со сточарство. Јас со сите мои колеги бев во постојан контакт за да размениме искуства. Она пто посебно би сакала да го потгенцирам е дека Министерството за здравство ги искористи сите механизми стапувајќи во контакт со Светската здравствена организација како и со Лекари без граници кои делуваат токму во подрачја каде што конго-кримската хеморагична треска е ендемско заболување. По низа консултации беше нагласено дека треба да се набави антивирусниот лек „рибавирин“. Овој медикамент кој не се чува на залиха туку така, во нашава земја беше донесен во ултра-краток период, буквално за 48 часа. Ефикасноста на Министерството беше на највисоко ниво, посочува д-р Стевановиќ.

Во однос на состојбата на болничарката која се зарази со вирусот лекувајќи ја пациентката која минатиот викенд почина на Клиниката за инфективни болести, вели дека е во стабилна состојба, со повремено покачување на температурата и дека таа е под постојан надзор.

-Пациентката е хоспитализирана на нашата клиника. Освен температура засега нема други симптоми на болеста. Температурата стигнуваше и до 40 степени, но генерално е во клинички стабилна состојба. Кај неа се следат сите параметри од анализите на крв. Значи, лабораториските анализи на крвта се следат дневно и се ординира терапија. Во наредните неколку дена, според можниот развој на болеста, очекуваме фаза во која може да се случи влошување на состојбата, односно се очекува една фаза од болеста кога може да се појават посериозни симптоми на конго-кримската хеморагична треска. Секако, како што нагласив, таа е под постојан лекарски мониторинг. Засега лекот рибавирин не и се дава, и во оваа фаза од болеста овој лек не се дава. Тој е наменет исклучиво за најтешката фаза од болеста и се дава по проценка кога неговата ефикасност ќе биде многу поголема отколку од тоа што може да направи поголеми несакани ефекти. Доколку треба да се даде на одреден пациент се користат протоколи и искуства стекнати од светот каде има најмногу случаи на конго-кримска хеморагична треска. Во оваа насока во имавме и веб конзилијарни состаноци со колеги кои ја следат оваа болест во светот и имаат огромно искуство, вели Стевановиќ.

Таа истовремено потенцира дека од вработените на Клиниката за инфективни болести кои беа под медицински надзор ниту еден до сега нема пријавено симптоми  на болест.

Инаку, рибавирин е антивирусен лек кој е ефикасен против голем број ДНК и РНК вируси, вклучувајќи херпес вируси, респираторен синцицијален вирус, вируси кои предизвикуваат хепатитис, како и треската Ласа. Се користи со инхалација, орално или интравенозно-инјекции. Можни несакани ефекти се: отежнато дишење, бактериска пневмонија и пневмоторакс.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази