04 Мај, 2024
0.0281

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Искршена е таблата на бугарскиот клуб во Охрид, МНР го осуди вандализмот

Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

ИСКРШЕНА Е ТАБЛАТА НА БУГАРСКИОТ КЛУБ ВО ОХРИД

По само пет дена од отворањето на бугарскиот клуб во Охрид, искршена е таблата на која стоеше испишано името на „Цар Бори Трети“. 

Случајот за OhridNews го потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Тој вели дека е пријавено оштетување на таблата со натписот на името на здружението над просторијата на клубот.

Околу 12.45 часот е добиено известување за оштетен дел со натпис на името на здружението над просторијата на клубот. 

МНР ГО ОСУДИ ВАНДАЛСКИОТ ЧИН

Реакција има од Министерството за надворешни работи(МНР) за оштетувањето на таблата на бугарскиот клуб Цар Борис Трети во Охрид кој беше отворен неодамна. 

МНР најстрого го осудува вандалскиот чин кој се случи денес во Охрид.  Додаваат дека во согласност со Уставот, и според долгогодишната пракса во земјава, сите граѓани  имаат еднаква слобода на здружување заради остварување на нивните права и уверувања. 

„Ги повикуваме сите надлежни институции да преземат соодветни мерки за овозможување на непречено исполнување на сите со Устав и закон загарантирани човечки и граѓански права и слободи. Истовремено, го повторуваме апелот и до сите граѓани и здруженија на граѓани за зрело и одговорно однесување со почит кон правата и слободите на другите, напоменувајќи дека мултиетничкиот карактер на нашата држава е една од темелните вредности на уставниот поредок, кое претставува право и обврска за секој од нас“, велат од МНР. 

ЏАФЕРИ ЈА ВРАТИ, НО ЛЕВИЦА ЌЕ ЈА ПРИЛАГОДИ ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА РЕФЕРЕНДУМ

Враќањето на иницијативата на Левица за референдум за францускиот предлог е само купување на време според претседателот на Левица, Димитар Апасиев. 

Сепак, рече дека тие ќе ја направат корекцијата во дадениот рок и повторно ќе ја поднесат.

„Значи, ова не е ист случај како со претходната иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ. Ако правилно го читаме, иницијативата е вратена на корекција, односно спикерот Џафери спротивно, во негов стил силеџиски, како уставен судија, но сега со друга финта ни ја врати да ја усогласиме во рок од 15 дена. Ние впрочем тоа и ќе го направиме“, рече Апасиев во изјава за Сител ТВ.

КОВАЧЕВСКИ УВЕРУВА ДЕКА СТРУКАТА АКО ПОСКАПИ, ЌЕ БИДЕ ТОА МИНИМАЛНО

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски вели дека  доколку воопшто има зголемување на цената на електричната енергија по 1 јануари, тоа ќе биде минимално. 

Објаснува дека со направените вложувања во изминатиот период во сопствена опрема и работата на рудниците на ЕСМ, со рационализација и операционализација на трошоците, намалена е производната цена на РЕК „Битола“ на околу 58 до 60 евра за мегават час произведена електрична енергија.

„Сепак цената на електричната енергија што ја нуди ЕСМ не зависи само од РЕК „Битола“, туку и од другите наши капацитети од кои дел работат на мазут. Па затоа колкаво ќе биде поскапувањето на струјата, доколку го има, ќе зависи од цените на берзите на мазутот, но и на природниот гас што ќе биде неопходен ако во системот се вклучи да работи ТЕ-ТО“, изјави Ковачевски. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ


Идните развојни планови, можни нови рути кон земјава и Балканот, но и проширувањето на понудата кон Блискиот Исток на авиокомпанијата Wizz Air беа дел од темите на кои разговаравме со член на лидерскиот тим на Wizz Air која е надлежна да го надгледува развојот на мрежите, распоредот и развојот на аеродромите, Евелин Џекел, офицер за мрежа во Wizz Air.

Технолошкиот развој и напредокот на мобилната мрежа во најголемата светска економија доживува вистински бум. Покриеноста со најновото достигнување кога станува збор за развојот на мрежното покривање во Кина е на високо ниво, а земајта станува се поголем извозник и предводник во создавање нова технологија која значително ги  намалува човечките потреби, односно помага во извршување на функции кои досега ги правеле луѓето. 

Студентите од Факултетот за бизнис економија денеска излегоа со серија барања во врска со најновите настани кои се случија на нивната образовна институција.

Аукцијата за закуп на капацитет се покажа како поевтина опција од берзанска дневна цена, а со исто ниво на сигурност. Можеби е момент нашите фирми да се самоорганизираат и преку снабдувачи и трговци да лицитираат за закуп на производствен капацитет. 

Владата ја исплати последната голема транша од договорот за софтверски лиценци кој поранешниот генерален секретар Драги Рашковски го склучи со ИТ-конзорциумот Аитоникс/Крејон за околу милијарда денари, или околу 15 милиони евра, непосредно пред да ја напушти функцијата.

По неодамнешните, не така неочекувани победи на десните популисти во Шведска и Италија, либералната елита како да влегува во нов шок, проектирајќи ја Европа во 30-те години и подемот на фашизмот, влечејќи паралела со инвазијата на Путин и наезадата на политички актери кои досега беа маргиналци. 

Додека јавноста во земјава во моментов е преокупирана со Ристо Пенов, кој ќе седне во министерското столче за локална самоуправа и ќе ги менаџира владините релации со општините во земјава и со градските татковци, од позицијата некако нечујно си заминува Горан Милевски, кој покрај министерската функција, најави и напуштање на лидерската позиција во Либерално - демократската партија.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава