03 Мај, 2024
0.0286

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Koвачевски повика да се гласаат уставните измени, Мицкоски бара гаранции од ЕУ

Објавено во: Македонија 17 Август, 2023

Добивај вести на Viber

КОВАЧЕВСКИ И АГЕЛЕР ПОВИКАА ДА СЕ ГЛАСААТ УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ

Собранието утре и официјално започнува со работа со 123. седница на која единствена точка на дневен ред е предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Македонија. Седницата треба да почне во 11 часот со утврдување на дневниот ред, по што треба да почне претресот за потребата од носење на уставните измени.

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со амбасадорката на САД, Анџела Агелер, со која оствари средба во неговиот кабинет, порача за уставните измени да гласаат сите 120 пратеници.

На денешната средба со амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Анџела Агелер, разговаравме за поддршката од нашиот стратешки партнер САД за европскиот пат на земјата и следните чекори, која е постојана и силна.

МИЦКОСКИ БАРА ГАРАНЦИИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во „Тема на денот“ на ТВ Сител рече дека неговата партија ќе гласа за уставните измени што се бараат само доколку ЕУ даде гаранции дека ќе се задржи македонскиот идентитет, традиција и култура.

Собранието утре и официјално започнува со работа со 123. седница на која единствена точка на дневен ред е предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Македонија. Седницата треба да почне во 11 часот со утврдување на дневниот ред, по што треба да почне претресот за потребата од носење на уставните измени.

ОСМАНИ УПАТИ ПИСМО ДО ПРАТЕНИЦИТЕ

Министерот за надворешни работи денеска упати писмо до пратениците во Собранието, укажувајќи дека утре почнува дебатата за промена на Уставот. Напоменува дека станува збор за едно од најважните прашања, и одговрно тврди дека тоа не се прави под диктат на Бугарија.

Го објавуваме писмото во целост:

Во петок започнува дискусија по која ќе следи гласање за второто најважно прашање кое било кој парламентарен состав требал да ги донесе во историјата на земјата по независноста – по зачленувањето во НАТО, остварување на втората стратегиска цел на државата за приклучување кон напредното Европско семејство на држави. Во петок Вие ќе одлучувате за европската иднина на Северна Македонија, определба за која работиме и работеа сите Влади во изминатите 30 години. Од Вас ќе зависи дали со прифаќање на промената на Уставот ќе ги продолжиме разговорите по поглавјата за членство во Унијата или ќе запреме во преговорите на подолг рок, до некоја нова шанса, без никаква гаранција за успех, поттикнувајќи го процесот на „пасошизација“ на граѓаните кои бараат европска иднина за себе.

ВОЈНИЦИ ЗАТРУЕНИ ВО СЛОВЕНИЈА

Македонските војници во Словенија се во добра здравствена состојба, информираше министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

"Двајца македонски војници од контингентот упатен на испомош во Словенија во текот на вчерашниот ден по чистење на подрумски простории од последиците од поплавите, заедно со словенечките колеги, се пожалиле на мачнина од јаглерод моноксид по што превентивно беа префрлени во болница за детални прегледи. По испитувањата утврдено е дека тие се добро и во текот на утринските часови вратени се во сместувачките капацитети каде денеска ќе одмараат. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Професионално срочена кратка биографија дава слика за кандидатот кој аплицира за одредено работно место.

Додека конзорциумот „Бехтел и Енка“ бара работници и распишува повици за изградба на кампови, пари од државниот буџет и натаму се слеваат на сметката на изведувачот на проектот за изградба на четирите автопати на коридорите 8 и 10д. 

Можеби ќе ве интересира

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ