07 Мај, 2024
0.0245

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нема продолжување на учебната година, ќе заврши на 10 јуни

Објавено во: Македонија 10 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

НЕМА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА УЧЕБНАТА ГОДИНА

Владата одлучи дека нема да има продолжување на учебната година. 

Владата на денешната редовна 44 седница ја донесе Одлуката за утврдување на бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во средните училишта.

„Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година“, велат од Владата. 

РЕАКЦИИ ЗА ОДЛУКАТА НА ВСЕЛЕНСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА

Ова секако е значаен и историски ден бидејќи македонската црква веќе не е во раскол, не е надвор од Православието. Таа е сега православна црква чиј статус не е уреден, но која може да сослужува со другите православни цркви, вели познатиот новинар и познавач на црковното прашање Бранко Ѓоргевски за Трилинг. 

„Од одлуката на Вселенската патријаршија произлегува дека таа ќе сослужува со македонските црковни достоинственици, но другите православни цркви за тоа сами ќе решаваат.

Скандал! Скопје и ја украде Бугарската Охридска Архиепископија од Бугарија, е наслов во бугарскиот медиум Епицентар.

Македонската православна црква беше изненадувачки призната од Вселенската патријаршија како Охридска архиепископија - во изминатите години Бугарската архиепископија во Охрид беше од големо значење за опстанокот на Бугарите како народ и духовност. Тоа е, исто така, најдолгата постоечка црковна институција - речиси 750 години, пишува медиумот.

УКРАИНА ГО ПРЕКИНА ПРОТОКОТ НА РУСКИ ГАС ПРЕКУ ЛУГАНСК

Украина го прекина протoкот на руски гас преку Луганск поради „виша сила“.

Киев како причина за запирањето на третина од протекот на гас кон Европа наведе „виша сила“, додека Газпром вели дека немало проблеми што би го оправдале запирањето.

Украина продолжи да биде главната транзитна рута за рускиот гас до Европа дури и по руската инвазија на земјата на 24 февруари, вели Ројтерс.

ГТСОУ соопшти дека не може да ги врши операциите на гасната компресорска станица Новопсков на локацијата поради „мешање на окупаторските сили во техничките процеси“. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во украинските силоси војната блокира милиони тони пченица. Тоа создаде околу 50 милиони луѓе кои немаат леб! Ако оваа пченица не се извезе сега ќе скапе, а најстрашно е тоа што идниот род пченица од украинските ниви (јули,август) нема каде да се складира, алармираа раководството на Светската програма за храна (WFP) на Организацијата на обединети нации (ООН)

Потрошувачите на електрична енергија на слободниот пазар, во најголем дел претпријатијата и државните органи, лани во просек плаќале за 58,36 отсто поскапа струја, покажуваат пресметките на Регулаторната комисија за енергетика во годинешниот извештај за 2021. Просекот важи за цела година, а секако оној за октомври, ноември и декември, кога настапи енергетската криза, би бил многу поголем.

Маслата поскапеле за дури дваесет проценти во еден месец, покажаа последните податоци на заводот за статистика. Но, не се само зејтините поскапени, напротив ДЗС утврди дека растат цените на голем дел од производите во малопродажба.

Македонски железници транспорт само за еден месец, во април, добиле државни пари од дури 3,23 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта