28 Април, 2024
0.0818

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Османи вели дека се работи за шпекулации, Ејупи нема да биде конзул во САД

Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

ОСМАНИ ПОЈАСНИ ДЕКА ЕЈУПИ НЕМА ДА БИДЕ ИСПРАТЕНА ВО САД

Не постои предлог за испраќање на Бесмира Ејупи во конзулатот во САД, тврди шефот на дипломатијата, Бујар Османи. 

Вели дека тие информации се шпекулации. 

„Уште вчера портпаролите демантираа. Ние имаме конзул во Њу Џерси, Јордан Панов и тој има мандат до 2023 година. Не можам да кажам зошто тие нецелосно информации излегоа од затворената седница на Владата, затоа што изнесување информации од таква седница е казниво со закон“, изјави Османи во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител.

Вели дека сите имиња за конзули и дипломати, додека не се добие потврда од земјата каде што се испраќаат, се доверливи и не можат да се објават.

ОБЈАВЕН Е ПРОТОКОЛОТ ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА КОВИД

Препораките или протоколот за лекување на корона вирус од денеска и официјално се објавени на страницата на Министерството за здравство, но како што на прес-конференцијата информираше претседателот на Комсиијата за заразни болести д-р Александар Петличковски, ова претставува само водич, но не е обврзувачки.

-Освена што препораките за лекување на корона вирусот се ставени на веб-страницата на Министерството за здравство, тие се дистрибуирани и до сите лекари. Оваа верзија на препораки е четврта или петта по ред од септември 2021, но како се доаѓа до нови сознанија, така и се менуваат протоколите. Препораките се за придржување до добра, докажана медицинска пракса при лекувањето на ковид. Состојбата е динамична, се случуваат промени. 

ДЕНЕС ИМА НАД 1.100 ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.513 тестови, а регистрирани се 1.117 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 575, Велес – 63, Куманово – 56, Битола – 54, Кавадарци – 44, Струмица – 38, Кичево – 33, Тетово – 32, Прилеп – 29, Гостивар – 24, Охрид – 20, Радовиш – 17, Гевгелија – 16, Штип и Неготино – по 15, Кочани – 12, Струга и Дебар – по 11, Ресен – 10, Крива Паланка – 9, Кратово – 5, Свети Николе, Берово и Валандово – по 4, Делчево и Богданци – по 3, Виница, Пробиштип и Крушево – по 2, Демир Хисар, Демир Капија, Македонски Брод и Пехчево – по 1.

БУЧКОВСКИ ВЕЛИ ДЕКА ВО 2020 ИМАЛО ШАНСА ЗА РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА

Eкс специјалниот претставник на Владата за преговорите со Бугарија, Владо Бучковски изјави дека бевме блиску до решение со Бугарија кон крајот на 2020 година.

Вели дека иако повеќе не е вклучен во процесот на дијалог, но ќе се обиде да испрати порака ако е потребно.

„Тоа беше пред Новата година 2021. Бевме блиску до ставовите со либералниот дел од бугарската влада и тогаш беше планот 5+1. Енигма остана зошто спласна ентузијазмот од наша страна пред изборите кај нас“, изјави Бучковски во емисијата „Само интервју“

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Поскапеа автобуските билети во целата држава, а кумановци за да отпатуваат до своето работно место во Скопје ќе треба да платат 150 денари во еден правец.

Јордан Димитровски, сопственикот и генерален директор на „Аитоникс“, влегува во бизнисот со производство на електрична енергија. Еден од најпознатите бизнисмени во ИКТ-секторот го регистрирал правниот субјект „Виан Енерџи“, но вели дека засега е рано за конретни одговори за проектот.

Полицајците не сакаат да решаваат тестови за интегритет, да им ја проверуваат имотната состојба на секои три месеци, ниту пак да им се забранува да членуваат во политички партии.

Две лимузини, едната со пет, другата со четири врати ќе земе на лизинг Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС). Возилата ќе ги користат 36 месеци, а потегот да ги склучат договор за деловен закуп е продожување на практиката која ја применуваат повеќето државни институции кои оперативниот лизинг го применуваат во последно време за набавка на нови возила.

Зачетоците се пред неполни 100 години во Данска веднаш по откритието на инсулинот кој го промени животот на милиони луѓе со дијабетес.

Растот на цените сериозно го загрозува животниот стандард на граѓаните со намалување на куповната моќ. За само една година цените на мало се зголемени за над 7%, додека пак трошоците за живот се зголемени за над 6%.

Можеби ќе ве интересира

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

ЛУКАРЕВСКА: Вредностите секогаш не обединувале, и кога било најтешко и кога е најважно, да не го потцениме моментот, сега е најважно

ЛУКАРЕВСКА: Вредностите секогаш не обединувале, и кога било најтешко и кога е најважно, да не го потцениме моментот, сега е најважно