ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6
Објавено во: Македонија 27 Март, 2024
ПАНЧЕ ТОШКОВСКИ Е ЗАГРИЖЕН ЗА ИЗБОРНИОТ ПРОЦЕС ВО ИЕ 6
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во својата последна јавна дискусија рече дека е сериозно загрижен за изборниот процес на територијата на изборната единица 6, односно како што рече тој во Тетово, Гостивар, Брвеница и околината на овие градови и општини.
Според него, алармот го пали фактот што актуелната Влада не дозволува да биде променет првиот човек на полицијата во градовите кои што се клучни во шестата изборна единица, место кое во претходните изборни процеси се покажало како најпроблематично од аспект на регуларноста на избрниот процес.
- Не дозволија промена да се спроведе на систематизацијата,која што ќе овозможеше поставување на началник од моја страна, како и дополнителен началник од страна на дополнителниот министер. Тој ќе требаше да гарантира фер и демократски изборен процес на територија на Тетово,Гостивар, Брвеница итн, рече Тошковски.СЕ ТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТО ДЕВОЈЧЕ ВО СРБИЈА
Српската полиција постави шатор на местото каде исчезна девојчето Данка Илиќ од Бор.
Девојчето на возраст од 2 години исчезна вчера попладне во Бањско поле кај Бор. Инаку, досегашните резултати укажуваа на нов правец во кој треба да оди истрагата.
Откако полицијата утврди дека исчезнатото девојче не е пронајдено на 10-те квадратни километри кои што се пребаруваа во текот на вчерашниот и денешниот ден во местото Бањско Поље кај Бор, потрагата по девојчето ќе продолжи на оперативна основа.ВО МОСКВА ИМА ИСЧЕЗНАТИ ПО НАПАДОТ
Порасна бројот на жртви во нападот кој во петокот се случи во руската престолнина Москва, односно се искачи на 140, а 143 луѓе се исчезнати.
Истражниот комитет на Русија примил 143 извештаи за лица кои исчезнале за време на терористичкиот напад, објави новинската агенција ТАСС.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Mладите Македонци тешко се осамостојуваат, а дека е така потврдуваат и податоците од Евростат. Но, во повеќето европски земји се случува обратното.Тетовскиот комбинат „Тетекс“ продава свој недвижен имот, во вредност од близу 3 и пол милиони евра.