01 Мај, 2024
0.0320

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

Објавено во: Македонија 18 Април, 2024

Добивај вести на Viber

ПОЧНА КАМПАЊАТА ЗА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ

Македонија повторно твоја, со оваа парола ВМРО-ДПМНЕ ќе ја бара довербата од граѓаните. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски од Охрид вети дека следната Влада, која ќе ја формира неговата партија ќе ги исполни сите ветени проекти, но и дополнителни кои не се запишани во програмата.

Со паролата „Нема откажување од иднината“ кампањата ја започна и СДСМ. Димитар Ковачевски од Музејот на современата уметност во Скопје пред партиските функционери, ги повтори ветувањата дадени повеќе пати, како повисоки плати, пензии и членство на Македонија во ЕУ до 2030-та.  Лидерот на ДУИ, Али Ахмети од Скопје вети промена на Уставот, а покрај внесување на Бугарите, најави и избор на претседател на државата во Собранието. Од плоштадот Скендербег во кампања влезе и здружената албанска опозиција „Вреди“. Тие ветуваат економски мерки за граѓаните на Македонија и испраќање на ДУИ во опозиција. Левица ќе започне вечерва со митинг во Велес.

KOВАЧЕВСКИ ЈА ИСКОМЕНТИРА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН

За најавата на техничкиот министер за надворешни работи Бујар Османи за преиспитување на учеството на Македонија во иницијативата Отворен Балкан, лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вели дека Отворен Балкан е оригинална иницијатива што потекнува од регионот формирана од три држави – Македонија, Албанија и Србија и која што е заснована на четирите слободи на Европската унија(ЕУ). 

Вели дека таа во својата суштина, во својот фундамент ги има постулатите на функционирањето на Европската Унија, а тоа е слободното движење на луѓе, слободно движење на капитал, на производи и слободно движење на услуги. Додаде дека кога ќе ги погледнете иницијативите коишто беа направени во рамки на Отворен Балкан, тие се токму тоа.

ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА ЧОВЕКОТ КОЈ СО 40 УБОДИ ОД НОЖ УБИ ЖЕНА ВО КОЧАНИ

Основниот суд во Кочани го осуди доживотно Усеин Рашидов кој со 40 убоди со нож лани во септември ја уби самохраната мајка на три деца во Кочани, Танкица Младеновска. Убиецот ја признал вината и осуден е за „Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин“.

„Обвинетиот, на 25.09.2023 година на свиреп начин лиши од живот жена, нанесувајќи и многубројни убоди со нож. Во обвинението, Основното јавно обвинителство Кочани го товареше обвинетиот и за кривично дело – Уцена кон истата оштетена, сторено пред убиството. Меѓутоа тоа дело обвинетиот не го призна, постапката е раздвоена и за тој дел од обвинението ќе продолжи судска постапка“, соопшти судот.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

БИМ Свети Николе е успешна компанија која води грижа за своите акционери, од кои најголем дел се сограѓани. Компанијата има континуирана дивиденда политика и дели дивиденда неколку години наназад. Веројатно затоа е и тешко да се дојде до таа акција, која многу ретко се тргува на Официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност

Добивката лани не само што беше добра, туку беше и најдобра во сите изминати години, но акционерите на најголемата лебна компанија во земјава нема да земат дивиденда.

Македонија оваа година според ММФ треба да ја заврши со раст на економија од 2,7 проценти, додека следната година со 3,7 отсто, а во 2026 - 3,5 проценти. Бројките говорат дека нашата земја има меѓу најниските прогнозирани стапки за раст на економијата. Понизок проектиран раст од соседите има само Грција, која не е меѓу земјите во развој, туку веќе развиена земја, каде стапките на раст очекувано се помали со оглед на достигнатото економско ниво.


Можеби ќе ве интересира

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Повторно телефонски измами во Охрид

Повторно телефонски измами во Охрид

Апасиев од Охрид: Македонска платформа, за да запрат уцените од балистите

Апасиев од Охрид: Македонска платформа, за да запрат уцените од балистите

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел