03 Мај, 2024
0.0281

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Празни рафтови, нема бел леб, инспекторите излегоа во контрола

Објавено во: Македонија 01 Март, 2023

Добивај вести на Viber

ПЕКАРИТЕ ГИ ОСТВАРИЈА ЗАКАНИТЕ 

Пекарите не испорачуваат леб согласно нивната одлука од понеделникот со која се договорија дека ако се замрзнат цените леб нема да произведуваат. 

Тоа што нема бел и полубел леб на полиците во маркетите значи дека сите ја почитуваме одлуката донесена во понеделникот на состанокот во Стопанската комора,  изјавија за МИА претставници од пекарската индустрија.

Според нив, засега промена на одлуката нема.

За експертите одлуката била неминовна, и велат компаниите кои би работеле со загуби можат да побараат привремено менаџирање.

ИНСПЕКТОРИТЕ ВО КОНТРОЛА

Александра Котели од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ, изјави дека во текот на денешниот ден се извршени 189 надзори на територијата на државата и утврдено е дека цената на лебот што е опфатен со одлуката на Владата е 33 денари, но онаму каде што го има.

„Граѓаните од страна на Државниот пазарен инспекторат се максимално заштитени, а ова го напоменувам затоа што кај некои трговци е констатирано дека на рафтовите нема леб кој е опфатен со одлуката, бел и полубел, цел и сечен леб на парчиња. Но, причината зошто го нема лебот, прво ние не сме надлежни да утврдиме зошто. Второ, дали е зголемена побарувачката од граѓаните кои што денеска очигледно можеби масовно излегоа за да го купат, можеби од стравување дека и повеќе ќе го нема или дека има недоволна снабденост од производителите“, вели Котели за ТОП Тема на телевизија Телма.

ЖЕЛЕЗНИЧКА НЕСРЕЌА СО НАД 42 ЖРТВИ СЕ СЛУЧИ ВО ГРЦИЈА

Како што пишуваат грчките медиуми, свртничарот признал вина, односно го испратил возот по погрешна пруга.

Свртничарот вработен во железничката страница во Лариса ја признал вината за фаталната несреќа што се случи во Грција синоќа, јавуваат дел од грчките медиуми.

Грчката телевизија Скај јавува дека во прашање е свртничарот кој веќе е уапсен и пред истражните органи признал дека го упатил еден од возовите на погрешна пруга односно на пругата по која од спротивната насока веќе се движел другиот воз.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

И аблацијата и емболизацијата се минимално инвазивни методи, тоа не е операција, вели во денешното интервју за Фактор, доц д-р Александар Ѓорески, интевентен радиолог во приватната клиника, Аџибадем Систина. Појаснува дека со овие најсовремени методи се третираат пациенти со тумори и со канцери, но таргетот е самиот тумор, односно метастазите.

Двете најголеми берзи во САД (Њујоршката и НАСДАК) остануваат да бидат убедливо најголеми берзи во светот. Нивната агрегатна пазарна капитализација изнесува 39.000 милијарди долари во октомви 2022 година

Од приватните агенции за посредување при вработување велат дека има огласи за работа на кои не се пријавува ниту еден кандидат или по реобјавување се јавуваат 2-3 луѓе, кои не ги поседуваат соодветните компетенции.

Во компанијата за проектирање и производство на челични конструкции од Скопје има промени во органите на управување, поточно ќе има замена кај членовите на Управниот одбор на компанијата.

Високата инфлација и поголемиот број интервенции од централната банка во насока на зголемување на референтната каматна стапка, полека но сигурно си го земаат својот данок. Имено, се поскапи стануваат кредитите што ги одобруваат деловните банки.

Можеби ќе ве интересира

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ