06 Мај, 2024
0.0261

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Прекината е седницата за уставни измени, 80 пратеници нема, Ковачевски вели дека ВМРО-ДПМНЕ се за блокади

Објавено во: Македонија 18 Август, 2023

Добивај вести на Viber

НЕМА ДВОТРЕТИНСКО МНОЗИНСТВО

Премиерот Димитар Ковачевски попладнево на прес - конференција изјави дека денес започна процесот за изгласување на уставните измени. 

Вели дека стана кристално јасно кој навистина сака Македонија да биде просперитетна држава, а кој сака да блокира.  Рече дека ВМРО-ДПМНЕ знае само за блокада и изолација. 

„Покажаа дека немаат никакви аргументи, немаат идеја за дискусија и дека не водеа дебата. Со огромна леснотија тие покажуваат дека се подготвени да ја блокираат европската иднина“, рече премиерот. 

Кажа дека граѓаните сакаат економски напредок, подобар живот, со вредностите кои ги има во ЕУ и САД. 

Премиерот вели дека ќе сторат што треба да ја тргнат блокадата. 

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски вели дека властите прифатија услови за евроинтеграции кои значат или вечни преговори или асимилација. 

Вели дека после цела година сеење на магла, излезе на виделина дека во Собранието нема двотретинско мнозинство за уставни измени. 

РЕЏЕПИ ВЕЛИ ДЕКА АЛБАНСКИТЕ ОПШТИНИ МОЖАТ ДА ГО БАРААТ ПАТОТ КОН ЕУ

На седницата во Собранието денеска независниот пратеник Скендер Реџепи предупреди дека во иднина албански општини можат да си го бараат патот кон ЕУ доколку Македонија не продолжи на европскиот пат.

Реџепи рече дека Албанците во Македонија не треба да бидат заложници на неколку лица на патот кон ЕУ.

„Албанците не го оспоруваат идентитетот и јазикот на македонскиот народ, но може во блиска иднина да се случат и други барања, каде што албански општини можат да го бараат патот кон ЕУ. Треба да имаме одговорност во Собранието“, рече Реџепи.

Откако независниот пратеник Скендер Реџепи денеска во Собранието изјави дека албанските општини во иднина можат да си ја бараат иднината во ЕУ, ако Македонија заостане со евроинтеграциите, му одговори колегата од Левица, Борислав Крмов. 

Вели дека тоа се повици за создавање кризи. 

„Колегите мора да знаат дека во Македонија сите општини се македонски! И второ: Повеќе никој не се плаши од вашите празни закани!“, рече Крмов. 

ПОЛИЦИЈАТА ГО БАРА ЛИЦЕТО КОЕ ВЕЕШЕ ЗНАМЕ НА ГОЛЕМА АЛБАНИЈА

Министерство за внатрешни работи бара помош од граѓаните за пронаоѓање на лицето кое на градскиот плошад Тетово вееше знаме „голема Албанија“. 

- Во врска со кривично - правниот настан од 11.08.2023 на Градскиот плоштад во Тетово, за кој во изминатите денови беа пласирани и бројни дезинформации и шпекулации, МВР ја информира јавноста дека на фотографијата обезбедена од полициските служби е лицето што го вееше знамето со т.н. „голема Албанија“ - посочуваат од МВР.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Кромидот е неизбежен дел од многу македонски јадења. Бучин е крушевско село познато по долгата традиција на производство на кромид. Но, површините засадени со кромид сега се многу помали од порано.

Од два до четири денари ќе поскапат цигарите и разни други тутунски производи следната година поради измените на Законот за акцизите кои се доставени во Собранието.

Сопругата на поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, Донка Деркоска, стана еден од новите сопственици на едно од најголемите логистички центри за транспорт и шпедиција во Македонија.


Можеби ќе ве интересира

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта