05 Мај, 2024
0.0266

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во Косово е уапсен Алил Демири, во Русија му оддаваат почит на Пригожин

Објавено во: Македонија 24 Август, 2023

Добивај вести на Viber

УАПСЕН Е АЛИЛ ДЕМИРИ НА КОСОВО

Уапсен е Алил Демири, еден од избеганите извршители на грозоморното убиство на пет невини лица кај Смиљковско езеро. 

МВР соопшти дека полицијата на Република Косово, во соработка со македонската полиција, денеска во Косово го лиши од слобода Алил Демири (38) врз основа на издадена меѓународна потерница од МВР на РСМ, баран врз основа на наредба на Oсновниот суд Скопје 1, за сторено кривично дело „тероризам” предвидено по член 394 од Кривичен закон, во врска со петкратното грозоморно убиство кај Смиљковското езеро.

КАСАМИ ДОБИ ПОКАНА ЗА НА СУД

Од Основен суд Тетово испратија покана до локалната самоуправа и бараат претставник на општината да дојде на судско рочиште на 15 септември поради сторен прекршок при пречекот на косовскиот премиер Албин Курти, односно неспроведување на Законот за употреба на грбот, знамето и химната.

Градоначалникот на Општина Тетово и претседател на Движењето БЕСА, Билал Касами, денеска доби покана за распит во Основниот суд во Тетово, поради настанот од 11 август, денот на приемот на косовскиот премиер Албин Курти во градот.

МАКЕДОНСКИ ВОЗАЧ НА КАМИОН  ПОВРЕДЕН ВО ГРЦИЈА

Во пожарите во Грција, според досегашните информации добиени од надлежните институции на земјата, меѓу загинатите нема државјани на Северна Македонија. Има еден повреден државјанин на Северна Македонија, возач на камион чија приколка била опожарена додека поминувал преку подрачје зафатено со пожари, во близина на Александропулис, соопшти Министерството за надворешни работи.

- Возачот добил изгореници, кои се третирани во локалната болница. Во непосредна близина, се наоѓа и втор камион со македонски регистарски таблички, кој поради механички дефект, не е во возна состојба. Тројцата наши државјани, кои се наоѓале во двата камиона, на време биле евакуирани и на пат се кон Северна Македонија, се наведува во соопштението од нашето МНР.

БОРЦИТЕ ОД ВАГНЕР СЕ ПРОСТУВААТ СО ПРИГОЖИН

Вагнерците се збогуваат со нивниот лидер Евгениј Пригожин, а еден од нив клекна и плачеше. 

Борците на групата Вагнер и неколку десетици граѓани се собраа пред импровизираниот споменик на Евгениј Пригожин во неговиот роден град Санкт Петербург. Тој вчера загина во авионска несреќа близу Москва. 

„Тука сум да го почитувам споменот на Пригожин. Ја поддржувам неговата политика, Вагнер е праведен“, изјави млад човек кој застана пред седиштето на Вагнер и даде изјава за рускиот весник „Сота“.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Се почитуваат ли законските одредби поврзани со пушењето цигари и останати производи од тутун или „дизгините“ се одамна изгубени? Граѓаните се почесто се жалат дека нема никакви граници, ниту бариери меѓу пушачите и непушачите и дека лицата кои решиле да не пушат, но и децата се пасивни пушачи бидејќи се пуши скоро насекаде. 

Централната банка бара четири лица кои би сакале да му се придужат на тимот.  Од вчера на нивната веб страна е поставен нов оглас, со кој се бараат кадри кои би пополниле три работни позиции. Од она што го дознаваме, огласот се објавуа поради редовни пензионирања и потребата да се пополнат испарзнетите места. 

На Клиниката за детски болести, три дечиња со реткото заболување ахондроплазија веќе почнаа да го примаат лекот Восоритид кој беше набавен за прв пат во Македонија со јавна набавка.  Лекот е клучен за лекување на болестa и има ефект на стимулирање на развојот на пациентите со ахондроплазија, болест која се манифестира со застој во растот веднаш по раѓањето. Во изјава за Фактор, директорката на Детската клиника, проф. д-р Стојка Нацева Фуштиќ изјави дека клучно за добрите ефекти од овој лек е тоа што треба да почне да се прима на помала возраст, односно во период кога децата се уште растат.

Сведоци сме дека децата кај нас поминуваат многу време со телефоните во раце. На оваа тема често стручњаците упатуваат критики кон родителите. Но, треба да се разграничи употребата на телефонот за забава, за играње на игри, креирање профили на социјалните мрежи и реалната потреба од поседување телефон со цел родителот и детето да бидат во комуникација.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава