08 Мај, 2024
0.0258

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработени во „Водовод“ бараат разрешување на директорот или се закануваат дека Скопје ќе остане без вода

Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

ВРАБОТЕНИ ВО „ВОДОВОД“ СЕ ЖАЛАТ ОД ДИРЕКТОРОТ

Сојузот на синдикати на Македонија до среда му даде рок на Град Скопје да го разреши директорот на ЈП Водовод и канализација - Скопје, Марјан Митовски. Тој е назначен на оваа функција пред само еден месец, откако претходно оставка си даде Златко Перински поради тендерски несогласувања.

Од таму велат дека новиот директор, кој го назначи градоначалничката Данела Арсовска, на 30-тина вработени им дал други работни задачи кои не соодветствувале со описот на нивното работно место.

Дека не се стручни за наметнатите задачи тие ги известите трудовиот и управниот инспекторат, но и решенијата кои пристигнале одтаму биле игнорирани од Митовски.

Да се разреши в.д. директорот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“-Скопје, Марјан Митовски, поради кршење на работничките права, кршење на Законот и Колективниот договор за комунални дејности побараа денеска од репрезентативниот синдикат за комунални дејности СУТКОЗ при Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Политикологот Гордан Георгиев, преку статус на фејсбук, повикува да се тргне од градската власт скопската градоначалничка Данела Арсовска, па дури и предлага, двете најголеми политички партии кои се ривали, да се обединат со цел да се смени таа од позицијата.

ВО БЛАГОЕВГРАД СЕПАК ЌЕ СЕ ОТВОРИ МАКЕДОНСКИОТ КЛУБ

Градоначалникот на Благоевград Илко Стојанов се премисли и дозволи отворање на клубот „Никола Вапцаров“. 

Клубот ќе биде отворен на 30 октомври. На свеченоста, според соопштението,  поканети се и првите луѓе на македонската и на бугарска влада.

Клубот е основан од иницијативен комитет, во чиј состав е и Здружението за заштита на основните индивидуални човекови права, а ќе има за цел да ја развива македонската традиционална и модерна култура, да гради културен мост меѓу Македонија и Бугарија и да ги зајакне врските меѓу Македонците и Бугарите ширум светот, велат организаторите на настанот.

РУСИЈА ПЛАНИРА ДА ПОПЛАВИ ТЕРИТОРИИ ВО УКРАИНА

Украинските власти велат дека Русија подготвува катастрофа. 

Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михајло Подољак, денеска на Твитер објави дека Русија планира катастрофа во регионот Херсон.
Ова е вистинскиот „план на Суровикин“ за хидроцентралата Каковскаја:

1. Ископување на браната и трансформаторите

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Високите цени на нафтените деривати не ги поттикнаа граѓаните повеќе да се насочат кон алтернативни превозни средства, ниту пак да се откажат од своите автомобили во текот на летото.

За денеска е најавен четиричасовен прекин на електрично напојување на градската општа болница во Скопје, ГОБ „8 Септември“, а како што известија од ЕВН Македонија, во периодот од 9.30 утринава, до 13.30 ќе има планирани технички активности во електродистрибутивната мрежа.

Државните обврзници преку кои Владата се задолжува на домашен терен буквално ја „преплавија“ Македонската берза, каде што тие обврзници се ставаат на котација. 

Идните пензионери – сегашни вработени и членови на задолжителниот пензиски фонд на „Сава“ заработија 152 oтсто од вложеното преку продажбата на сите акции кои ги поседуваат во „Гранит“ соопшти друштвото кое управува со задолжителниот пензиски фонд на „Сава пензиско“.

Денеска ЕСМ очекува за прв пат пазарот на природен гас во Македонија да функционира либерално и различни компании да достават понуди за потребите на скопските топлани. Генералниот директор на електраните, Васко Ковачевски, вчера најави дека очекува отворениот повик да биде рамковен во текот на целата грејна сезона и да пристигнуваат и понуди со обезбедено поголемо количество и за гасната централа ТЕ-ТО, како и да има такви кои ќе бидат шестмесечни.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава