02 Мај, 2024
0.0525

FDA: Ибупрофен, аспирин и други лекови против болки без рецепт можат да предизвикаат смртоносни инфаркти и мозочни удари

Објавено во: Стил 04 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Во јули Агенцијата за храна и лекови на САД (FDA) објави промени во етикетите на речиси секој лек од класата на нестероидните антиинфламаторни лекови (НСАИЛ), предупредувајќи дека овие лекови можат да предизвикаат фатални удари и инфаркти дури и кај млади луѓе кои немаат познати кардиоваскуларни ризик фактори. Само една недела по земањето на таблетите би можеле да се активираат инфарктите.

„Постои голема загриженост дека луѓето мислат дека овие лекови се безопасни, но тие веројатно не се“, изјавил Питер Вилсон од Универзитетот Емири, кој учествувал во експертската група, која ја советува FDA за одлуката. „Мислата е дека тие се добри за краткотрајно олеснување, најверојатно за помладите луѓе, без историја на кардиоваскуларни проблеми“.

Од 2005 година FDA бараше НСАИЛ, различни од аспиринот, да имаат етикети за предупредување од ризикот на инфаркти и мозочни удари. Во изминатата деценија новите истражувања покажуваат дека ризикот е поголем отколку што се мислеше. Вознемирувачко истражување покажува дека ризикот се зголемува во рамките на првите неколку недели од земањето на лековите, дури и кај луѓе без претходен ризик од кардиоваскуларни болести.

Повисоки дози од лековите произведуваат поголеми ризици како кај некои дози со сила на апчиња со рецепт, потенцијално водат до пет пати поголем ризик од дозите без рецепт. Луѓето кои земаат не-аспиринови НСАИЛ по срцевите напади се со значително поголема веројатност да умрат во текот на следната година, отколку луѓето кои не ги земаат овие лекови.

Истражувањето исто така покажува дека различните лекови изгледа доведуваат до различни оценки на кардиоваскуларен ризик. За жал, истражувачите се уште не се сигурни кои лекови се опасни. Тоа значи дека за сега, сите тие треба да се сметаат како подеднакво опасни.

Вилсон нуди грубо правило за проценка на ризикот врз основната доза на лекот. НСАИЛ без рецепт изгледа го зголемува ризикот од инфаркт и мозочен удар за околу 10 проценти, додека ниските дози на НСАИЛ со рецепт, се чини го зголемуваат за околу 20 проценти. Високите дози на НСАИЛ со рецепт можат да го зголемат ризикот од инфаркт и мозочен удар за околу 50 проценти.