03 Мај, 2024
0.0279

Фејсбук доминира во маркетингот на социјалните мрежи!

Објавено во: Анализа 16 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Социјалните мрежи стануваат составен дел од нашите животи. Со нивното појавување се чини дека масивно се разбуди духот на војаеризмот кој е постојано присутен меѓу луѓето. Луѓето по се изгледа имаат голема желба да видат што прават другите луѓе и секако да се пофалат што тие направиле. Нормално има тука и многу корисни работи, но без разлика дали се сложувате со концептот на социјалните мрежи, тие ќе бидат тука уште некое време. Поради тоа платформите како Фејсбук, Твитер и Гугл плус стануваат и маркетинг алатка која ја користат компаниите (без разлика дали се големи и мали) и познатите личности кои се сами по себе брендови. Веројатно не постои поголема компанија во светот или позната личност која нема профил на некоја од социјалните мрежи. Очекувано, поради масовноста која ја има Фејсбук е доминантна платформа на која може да ги најдете големите компании и тоа убедливо. Еве ги личностите и компаниите кои се најдоа во истражувањето на Бизнис Индсајдер за маркетинг влијанието на социјалните мрежи: Гледате дека доминира Фејсбук у тоа со значителна предност пред Твитер и Гугл плус. Разликата меѓу мрежите е очигледна, па така Еминем и Ријана имаат повеќе од 70 милиони следачи и со тоа се број еден личности на Фејсбук, додека тинејџ ѕвездата Џастин Бибер со повеќе од 40 милиони е број еден на твитер. Значително заостанува Гугл плус кој нема ниту еден со повеќе од 10 милиони следачи. Гледате дека меѓу најследените пет на Фејсбук е и Кока Кола, која доминира во корпоративниот дел од оваа анализа: Тука разликата помеѓу Фејсбук и конкуренцијата е уште подрастична. Најследен бренд на социјалната мрежа е Angry Birds со бројката од 5 милиони, додека на Фејсбук дуру 150 брендови имаат повеќе од 5 милиони следачи. Со над 70 милиони убедливо доминира Кока Кола, додека благодарение на последните веб видеа со вселенскиот скок одлично се држи Ред Бул кој го следат 40 милиони луѓе. Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад