26 Април, 2024
0.0290

„Фејсбук“ со сензационален раст на профитот, мрежата стигна до бројка од 1,9 милијарди корисници

Објавено во: Финансии 02 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Социјалната мрежа Facebook ги надмина сите очекувања за финансиски резултати во последниот квартал на 2016 година.

Приходите на компанијата скокнаа со 51 отсто на годишно ниво до 8,81 милијарди долари. Аналитичарите предвидуваа приходи во износ од 8,51 милијарди долари.

Профитот на најголемата социјална мрежа во светот се удвои до 3,57 милијарди долари од 1,56 милијарди долари една година порано. Компанијата на Марк Закерберг забележа добивка по акција во износ од 1,21 долари, додека пред една година таа изнесуваше 54 центи. Нето добивката е 1,41 долари по акција наспроти 79 центи година порано и 1,31 долари, како што очекуваа аналитичарите .

Самиот Закерберг се пофали на својот профил на Facebook дека корисниците на мрежата веќе се близу 1,9 милијарди, и дека 1,2 милијарди од нив влегуваат во сајтот секој ден. Над 65 милиони мали бизниси пак го користат Facebook за да се поврзат со нивните клиенти.

„Главниот фокус продолжува да биде ставањето Видео на нашите апликации. Над 150 милиони луѓе веќе го користат Instagram Stories секојдневно. Пуштивме камера и во Facebook Messenger.

Имаме уште многу работа за изградба на нашата заедница каква што сакаме да биде - информирана, поддржувачка, безбедна и сила за креации на добро во светот“, пишува уште Закерберг .

Можеби ќе ве интересира

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување