06 Мај, 2024
0.0226

„ФИЛИП МОРИС“ НЕМА ДА ОТПУШТА РАБОТНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА:Нема ниту намалување на платите

Објавено во: Економија 20 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Компанијата „Филип Морис“ изминатиов период донела одлука дека нема да бидат отпуштани вработените во оваа компанија, ниту во фабриките во светот, ниту во нашава земја. Во денешното интервју за Фактор ова го потврди Михаел Солтер, првиот човек на компанијата Филип Морис. Тој зборува дека во овој период додека трае пандемијата на Ковид-19, на работниците нема да им биде намалена ниту платата, а истовремено ќе може да си ги користат и деновите од одморот.

-Промената е нешто што ние во Филип Морис многу добро го знаеме бидејќи кај нас има константни промени во барање подобри решенија кои сега ќе ги бараме во секојдневието. Наместо да имаме долги состаноци во канцеларија, ќе имаме кратки состаноци онлајн. Ќе држиме соодветно растојание и ќе внимаваме на личната хигиена што во принцип треба да биде така, ама никогаш не сме внимавале на некои нешта кои значат многу во моментов, вели Солтер.

Според него, предизвикот на компаниите во ваков кризен период бил работата да продолжи непречено, истовремено зачувувајќи ја безбедноста и здравјето на луѓето.

-Нашата филозофија е дека нашите вработени го создаваат успехот на компанијата, па во ситуација на големи предизвици како овој со COVID-19, компанијата функционира во насока на целосна поддршка на вработените. Беше донесена одлука дека нема да има никакви отпуштања во периодот додека трае пандемијата, на никого нема да му биде намалена платата и секој ќе може да ги искористи деновите од одмор и да помине квалитетно време со своите блиски. Оваа ситуација бара исклучителна прилагодливост, па зошто би ја задушувале креативноста на вработените за иновативни решенија со прашања дали ќе ја задржат работата или пак дали после сите ограничувања во движењето ќе имаат денови од одмор да поминат со своите најблиски, истакнува директорот на „Филип Морис“. 


Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години