26 Април, 2024
0.0498

Филип Морис престанува да произведува цигари, а во новиот бизнис вложува повеќе од три милијарди долари

Објавено во: Економија 06 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Најпознатиот светски произведувач на цигари Филип Морис интензивно работи на иднина без дим од цигари. Во блиска иднина оваа фабрика планира целосно да престане да произведува цигари, а на корисниците им нудат потенцијално помалку штетна алтернатива наречена IQOS.

Се работи за технолошка новина која би требало целосно да ги промени животите на пушачите. Планот е на начин тутунските вметнувачи, брендирани под името Heets, да се вметнат во електронски уред за греење на тутун, медиумите пренесуваат дека во фабриката на овој револуционерен производ, во кој американската компанија вложила милијарда долари. Инаку Филип Морис 2016 година ја заклучи со приходи од 74,95 милијарди долари и нето добивка од 6,97 милијарди долари и додека паѓа продажбата на класични цигари, бележи голем раст на продажбата на уметничките Heets.

(Во IQOS станува збор за стандарден, набиен тутун во цигарче од 1-2 сантима, обвиен во метална мрежа па во ризла, а се става во муштикла која го загрева но не го гори тутунот. Со други зборови, се затоплува на ниво кое го ослободува никотинот но не и штетните материи во тутунот. Конкретно, цигарите горат со 600 степени целзиусови, ова затоплува најмногу до 350. Притоа, пушачот не испушта чад од цигари, туку водена пареа, како кај електронските цигари со масло. Само што се работи за вистински тутун, нормален филтер и поавтентичен вкус (имаме пробано само ментол, а ментол ко ментол, шкарт). Цигарата трае 6 минути или 14 потегнувања).

Како што истакнуваат во Филип Морис, предност на овој производ е во тоа што не чади и при тоа не создава непријатен мирис кој останува на облеката, и телото односно не произведува пепел.

Филип Морис во развојот на IQOS вложува огромни пари-од 2008 година вложил повеќе од три милијарди долари во развој на производ кој би требало да биде помалку штетен од класичните цигари.

Компанијата е целосно предадена на развој на овој производ кој би требало да биде значајно повеќе user friendly отколку што тоа беа е-цигарите, кои не се прифатени во поширокиот круг на потрошувачи, но и покрај тоа и понатаму се дел од портфолиото на Филип Морис производ кој потенцијално намален ризик.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра