06 Мај, 2024
0.0288

Филипче гостин на собранието на Стопанската комора: Се формира Совет на комората

Објавено во: Економија 20 Мај, 2020

Добивај вести на Viber


Собранието на Стопанската комора на Македонија одржа седница со примена на мерките за превенција за заштита од корона вирусот според Протоколот за одржување на седници на органи на управување и конференции од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.
Претседавачот на Собранието, Антони Пешев, посочи дека и во услови на вонредна состојба предизвикана од КОВИД-19 ова е пример како може да се одржуваат седниците со присуство на членовите. При тоа, се осврна на работењето на Комората во изминатите два месеца, истакнувајќи го работењето на формираниот Кризен штаб составен од менаџментот на Комората, кој 24/7 беше контакт-точка на компаниите за добивање информации поврзани со нивното работење во услови на вонредна состојба, за примена на мерките и препораките за спречување и ширење на корона вирусот, информации за економските мерки, со што се регистрирани преку 2.500 јавувања. 

- На база на расправите што ги имавме со органите и телата на Комората и со примена на светските искуства продолжуваме со заложбите да се позиционираме како Комора на иднината, да станеме економски информатор, партнер, помошник, советник на компаниите и нивен промотор во земјата и во странство и успешно да одговориме на предизвиците на новото време, - посочи во своето обраќање претседателот на Комората, Бранко Азески. 
Пред новиот состав на Собранието, претседателот Азески потенцираше дека Стопанската комора на Македонија во изминатиот период спроведе процес на суштинска трансформација, а од дискусиите беше утврдено дека во фокусот на идното работење на Комората треба да бидат вклучени следните групи на активности:

• традиционални коморски активности за интерно вмрежување на членките во рамки на Комората, активна соработка со домашните институции, регионално поврзување преку Коморскиот инвестициски форум, како и искажување на интересите на членовите на Комората пред надлежните државни органи и институции, посебно во подготвувањето на стопанското законодавство, мерките и механизмите на стопанскиот систем и економската политика, како и давање иницијативи за подготовки на законски и други прописи од областа на стопанството;

• специфични активности што го прошируваат класичниот коморски ангажман и Комората ја ставаат во улога на консултант, во согласност со современите потреби и барања на бизнис заедницата, кои треба да создадат додадена вредност за компаниите од членството во Комората, со фокус на извозните активности на македонската економија, активна координација помеѓу бизнис-заедницата и носителите на економските политики во врска со преговарачкиот процес со ЕУ, обезбедување на релевантни информации важни за работењето на членките, како и консултантски услуги за конкретни потреби на своите членки;

• активности за позиционирање на Комората како линк помеѓу образовните институции и деловниот сектор, во насока на обезбедување квалификуван кадар согласно потребите на компаниите. 

Организациските промени предвидуваат конституирање на Совет на Комората, како главен советодавен орган на Комората, кој во својот делокруг на активности ќе постапува по клучните прашања за позиционирање на Комората согласно потребите на македонското стопанство.

Еден од клучните приоритети кои се зацртани во дејствувањето на Комората се прашањата за модерна реиндустријализација и извозна диверзификација на македонската економија, преку квантитативно зголемување и квалитативно подобрување на извозот на македонски стоки и услуги, како клучен предуслов за постигнување на динамичен и долгорочно одржлив економски раст. Наведените приоритети треба соодветно да бидат одразени и во составот на Управниот одбор на Комората, кој треба, помеѓу останатото, да го сочинуваат претставници на најголемите индустриски и извозни капацитети во државата, како и претставници од стручната и научната фела чиј делокруг на работење е тесно поврзан со овие прашања.

Согласно дадениот мандат од Собранието на Комората и по спроведените консултации и изнесените предлози од облиците на организирање и работење во рамки на Комората, а во насока на унапредување на ефикасноста на работењето, остварувањето на посочените стратешки приоритети во работењето на Комората во идниот период, а воено и обезбедување на претставување на различни сектори и дејности во органите и телата на Комората, претседателот Азески го предложи, а Собранието на Комората го избра новиот состав на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија. Од 23-те члена, 15 се претставници на големи индустриски капацитети кои се од редот на најголемите извозници во македонската економија, 2 се претставници на градежниот сектор, додека преостанатите се претставници од областа на услужниот сектор, односите со јавност и корпоративни комуникации, како и од научната јавност и меѓународните организации. Во насока на обезбедување на рамномерна родова застапеност, 26% од предложените кандидати се жени. 

- Сметам дека предложените членови, со оглед на нивните професионални квалификации, искуството и посветеноста кон активностите на Стопанската комора на Македонија соодветно ќе придонесат за правилно насочување на активностите на Комората согласно зацртаните стратешки приоритети, со особен фокус на индустријата и извозот, - истакна Азески.

На седницата, која се одржа во х. „БЕЛВИ“ – Скопје со оглед на актуелната здравствена состојба со импликации врз економијата, пред присутните стопанственици се обрати министерот за здравство, д-р Венко Филипче, кој пред се` се заблагодари на донациите на компаниите кои го помогнаа здравствениот буџет за надградба на опременоста и инфраструктурата на здравствените установи.

- Здравствената криза, посочи министерот Филипче, ќе трае, а прашањето за последиците врз економијата ќе го оставам на експертите, кое треба да се темели пред се` на стратешките препораки за заштита на здравјето на населението. 

- Приоритетно е за натамошниот тек на заразата да ги почитуваме мерките и препораките за заштита од КОВИД-19 и доколку се почитуваат можеме да очекуваме релативно мирен период пред нас, - потенцираше министерот Венко Филипче.  Состојбата од есен, кога ќе почнат со работа училиштата и кога започнува сезоната на сезонски грип, дополнително се разгледува со можните начини за спречување од ескалирање на состојбата.

На интересот на бизнис-секторот за отворање на границите за потребите на бизнисот, министерот информираше дека за ова прашање потребен е координативен заеднички пристап со земјите од регионот, за што се започнати преговори за олеснат транзит и за можноста сите граѓани во регионот да добијат бесплатни здравствени услуги. Се разгледуваат решенија како да се одвива движењето од и во земјата, а и мерката за забрана на враќање во земјата во траење од 3 месеци при напуштање се очекува набрзо да се укине.

Воедно, на прашањата од бизнис-секторот, министерот Филипче посочи дека се работи и на отворање на угостителски објекти во скоро време, како  и на други дејности за кои има забрана за работа.

Извор Стопанска комора


Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години