03 Мај, 2024
0.0278

„Firefox 40“ изгледа подобро на „Windows 10“

Објавено во: Стил 12 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Mozilla“ започна со дистрибуцијата на „Firefox 40“ и со новата верзија доаѓа подобрена компатибилност со „Windows 10“.

Претходните изданија исто така работеа добро со новата платформа на „Microsoft“, но прелистувачот веќе изгледа подобро, благодарение на различните визуелни промени и олеснувањето на користењето преку екран на допир.

Апликацијата добила поголеми икони за затворање на прозорците, а освен тоа и лентата за адреси има поголем фонт. Додадена е и посебна тема за „Windows 10“.

Firefox 40“ обрнува внимание и на безбедноста со предупредувања при преземање на екстензии кои немаат дигитален потпис и дополнителна заштита против симнување на несакан софтвер. Меѓу другите промени се подобрени анимации и лизгањето со користење на хардверско забрзување, позајмување на помалку меморија од JPEG слики при нивно зумирање и други подобрувања.