02 Мај, 2024
0.0292

Фискален совет, ама и ново тело за контрола на финансиската стабилност во земјата: Се стега обрачот на контрола на јавните финансии

Објавено во: Економија 03 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Ќе се формира тело кое ќе ги идентификува опасностите и ризиците за финансиската стабилност и ќе презема мерки за одржување на стабилноста на финансиите во земјата. Министерството за финансии ќе почне да го подготвува новиот Закон за финансиска стабилност со кој практично ќе се интституционализира ова тело. Нема други детали за тоа какви ќе бидат карактеристиките на оваа институција, кој се ќе членува во неа, како ќе се носат одлуките. Предлог законот треба да биде креиран за еден месец, односно некаде до почетокот на декември. Најавите се дека клучната улога во одржување на финансиската стабилност ќе и остане на Народната банка, сепак вакво тело ќе биде формирано. Се тврди дека тоа е практика во Европската комисија. 

Во објаснување на потребите за формирање вакво тело од Министерството за финансии наведуваат дека годинава, по препорака на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд е формиран Комитет за финансиска стабилност како преодно решение до донесување на посебен закон. Со него ќе треба да се формира и Одбор за системски ризик на Европската комисија. 

„Една од препораките на Одборот за системски ризици е макропродентната политика да ја води една институција или тело од повеќе институции во зависност од институционалната поставеност на национално ниво, пришто централната банка треба да ја има водечката улога, објаснуваат од Министерството.

Сепак нема други детали. Во меѓувреме се разви дебата за новиот предлог закон за буџет во кој се планира воведување на фискален совет. 

Формирање на такво тело најави Владата на СДСМ уште кога ја презеде извршната власт во претходниот мандат. После тоа поранешниот министер за финансии Драган Тевдовски велеше дека ќе се предложи нов закон за буџет со кој ќе се воведуваат промени во среднорочното буџетско планирање, а од овие промени треба да произлезе фискален совет кој ќе биде алатка за контрола на финансискиот систем.

Заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски вели дека подолг период е работено на новиот текст на Законот за буџети. Планот бил Законот да се донесе на почетокот на годинава, но пандемијата го успорила целиот процес за доработка на текстот.

„Во законот соодветно се предложени фискални правила како и воспоставување на фискален совет кој треба да обезбеди независна и професионална анализа  и мислење на макроекономските и фискалните претпоставки“, вели Ковачевски. 

Минатата година во мај, Македонија ја доби листата од шест приоритети во економијата што треба да ги спроведе за една година, како дел од подготовките на земјата за ЕУ. На министерскиот дијалог со ЕУ во Брисел од земјава беше побарано и да се одобри новиот закон за буџет, со фискалните правила да се направат подготовки за независен фискален совет. ЕУ смета дека во земјава треба да има фискален совет, по примерот на Србија, кој би бил независен глас кој врши надзор над финансиските политики на Владата. Него би го сочинувале професори, академици и независни експерти.

Сепак кризата со коронавирусот смени многу приоритети, а не се исполнија и некои од финансиските столбови на фискалната стратегија на земјата особено во делот на јавниот долг и буџетскиот дефицит.

Александра Томиќ

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија