11 Мај, 2024
0.0261

Фицо: Еврозоната некој ќе ја напушти

Објавено во: Економија 01 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

 Словачкиот премиер Роберт Фицо смета дека еврозоната не може да преживее во сегашната форма и една или две земји ќе ја напуштат. - Ќе дојде време кога некои земји нема да можат да можат да ги исполнуваат своите обврски и да го одржуваат темпото на консолидација на јавните финансии. Една или две земји нема да останат во еврозоната, изјави Фицо за чешките медиуми. Според него Грција не ги исполнува своите обврски и затоа важно е за Грција да се подготви „контролирано заминување“ за да нема последици по економскиот развој на Словачка. Словачка е единствена земја која во 2010 година одби да учествува во финансиската помош на Грција. Владата на Фицо усвои строги мерки за штедење со цел да се држат под контрола државните финансии по економската криза. Ослабената побарувачка на словачките производи во светот и мерките за штедење, според словачкото Министерство за финансии идната година ќе ја намали економијата на Словачка, која е втората најсиромашна земја во еврозоната. Словачка влезе во Европската унија заедно со Чешка во 2004 година, а пет години подоцна ја смени својата национална валута во евро. Чешка нема во план тоа да го стори во догледно време.

Можеби ќе ве интересира

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили