02 Мај, 2024
0.0322

Физибилити студија за продажба на ТЕЦ Неготино

Објавено во: Економија 08 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Владата соопшти дека на вчерашната седница донесен е заклучок  со кој се задолжува АД ЕСМ да започне постапка за изработка на физибилити студија за јавно приватно партнерство (ЈПП) или за продажба на ТЕЦ Неготино

Премиерот Зоран Заев уште во октомври рече дека покрај за Македонска Пошта, Владата подготвува терен за јавно-приватно партнерство и за уште неколку други јавни претпријатија во државна сопственост, меѓу кои и за термоелектраната која е подружница на поранешен ЕЛЕМ.

- Многу институции самите се за јавно-приватно партнерство, бидејќи не можат да се борат со отворените пазари. Такви примери има многу во Словенија, Австрија, Полска, Германија итн. Тоа е потребно за да имаме квалитетен поштенски сообраќај. Истото може да се случи со ТЕЦ Неготино , Македонски Железници, Еврокомпозит, Колска Велес. Тоа ќе биде една од преокупациите на Владата во следниот период, рече Заев, 

Оваа термоцентрала е „ладна резерва“ на македонскиот електроенергетски систем. Тоа значи дека добива пари за да не работи ништо. Лани инкасирала 3,15 милиони евра (одобрени од РКЕ) и од нив 2,2 милиони евра се за плати на 212 вработени кои одат на работа за да не работат ништо. Верувале или не дури лани ТЕЦ-от на Владата и исплатил и дивиденда од речиси 100.000 евра дивиденда!

Единствената термоцентрала која мазутот го користи како погонско гориво во земјава – ТЕЦ Неготино лани успеала годината да ја заврши со добивка од 174.000 евра, да оствари приходи од 3,15 милиони евра без притоа да предаде на мрежа ниту еден киловат електрична енергија. Во нашиот електроенергетски систем неготинската термоцентрала има статус на „ладна резерва“ што народски кажано е најблиску до „резервно тркало во автомобил“ затоа што го имаш „за не дај Боже“.


Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?