05 Мај, 2024
0.0264

Фонд од 2,5 милиони евра за македонски проекти за учење преку работа и дуален модел на образование

Објавено во: Економија 23 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

На денешната национална конференција во Македонија, Фондот за регионални предизвици го претстави  првиот повик за поддршка на инвестиции воучење преку работа и дуален модел на образование, во износи од 150.000 до 600.000 евра. Фондот има за цел зајакнување на квалитетот и релевантноста на пазарот на трудот на стручното образование и обука, преку финансирање инвестиции во опрема и инфраструктура за избрани проекти за учење преку работа и дуален модел на образованишто се спроведуваат преку партнерства помеѓу центри за стручна обука и компании.

Регионалниот фонд за предизвици (РФП) е овластен од страна на Германското сојузно министерство за економска соработка и развој (BMZ) и делегиран на Развојната банка KfW, а се извршува преку Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан, (ЗБ6-КИФ). Поддршката што Фондот ја дава на Западен Балкан е начин да се помогне во закрепнувањето, растот и подобрување на конкурентноста на економиите од Западен Балкан 6.

Целта на РФП епреку финансирање инвестиции во опрема и инфраструктура за избрани проекти за учење преку работа и дуален модел на образование да го зајакнеме квалитетот и релевантноста на пазарот на трудот на стручното образование и обука преку промовирање на партнерства помеѓу институтите за стручна обука и компаниите. Првиот повик за аплицирање е веќе активен и ги поканувам сите заинтересирани да се пријават. Информациите за процесот за аплицирање и критериумите за селекција се достапни на веб страната на Фондот но дополнително ќе организираме и инфосесии со заинтересираните училишта и компании со цел да ги водиме низ процесот на апликација. - рече Фридер Верман раководител на тимот на Единицата за управување со фондови во Регионален фонд за предизвици.

На настанот свое обраќање имаа и министерката за образование и наука, Мила Царовска, амбасадорот на Германија во Северна Македонија, Н.Е. Анке Холштајн, Рене Ешеман, директор на канцеларија на KfW за Косово и Северна Македонија, Билјана Пеева-Ѓуриќ, извршен директор на Стопанска комора на Македонија,  Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германската индустрија во Северна Македонија, Албанија и Косово и Курт Витрих, раководител на тим во Образование за вработување, Хелветас, Северна Македонија, а присуствуваа претставници на јавните институции надлежни за стручно образование и обука, меѓународни организации и иницијативи, стопански комори, даватели на стручна обука, компании и здруженија.

„Истражувањата на МОН и Стопанската комора на Македонија покажуваат дека дури 85% од компаниите се заинтересирани да ги отворат вратите за пракса на учениците од стручните училишта. Фондот за регионални предизвици преку финансиската поддршка ќе воспостави нова динамика и нов поинтензивен начин на соработка меѓу компаниите и стручните училишта. Самото опремување на училиштата ќе значи продлабочување на можностите за создавање квалитетен и вработлив стручен кадар, затоа сметам дека е многу значајно училиштата и компаниите да аплицираат за финансиска поддршка од Фондот. “ – истакна Мила Царовска, Министерка за образование и наука.

Регионалниот фонд за предизвици е уникатен  инструмент за финансирање, дизајниран да ја зголеми вработливоста на завршените ученици со СОО, а вооедно да ја засили продуктивноста и конкурентноста на компаниите. РФП има цел да го зајакне квалитетот и релевантноста на стручното образование и обука за пазарот на трудот преку финансирање на инвестиции во опрема и инфраструктура за одбрани проекти за учење преку работа или дуален модел на образование  што се спроведуваат преку блиски партнерства меѓу установите за стручно образование и обука икомпаниите.

„Многу ја цениме тековната иницијатива на министерката Царовска за унапредување на дијалогот помеѓу институциите за СОО и компаниите, со неколку настани поддржани од швајцарската амбасада. Како придонес кон овие напори, Германија ја воспоставува оваа нова иницијатива, Регионален фонд за предизвици, која има за цел да ги поддржи училиштата и компаните во областа на стручното образование и обука за да го подобрат стручното образование и да ја подобрат практичната обука со цел да се прилагодат на бараните вештини на трудот пазар и да им се даде на младите ветувачка шанса за подобра иднина“ – рече Н.Е. Анке Холштајн, амбасадорка на Германија во Северна  Македонија.

Стопанските комори ќе имаат значајна улога во поттикнувањето на компаниите да формираат конзорциуми со средни училишта, високи стручни училишта и факултети за да аплицираат за средствата на Фондот и заеднички да формираат центри за обука, да опремат лаборатории и работилници, што ќе им овозможи на учениците да се запознаат за време на обуката со машини, опрема, алатки и технологии со кои се работи во реална работна средина и со кои ќе работат подоцна кога ќе се вработат.

Стопанската комора на Македонија веќе го има нотирано недостатокот на кадар со практично искуство и знаење, поради што сметаме дека РФП со предвидените 2,5 милиони евра финансиска поддршка за проекти за учење преку работа и дуален модел на образование во нашата земја, ќе биде значаен инструмент кој ќе придонесе за обезбедување на стручен кадровски потенцијал со релевантни вештини и спремни за работа во напредни технолошки процеси. Фокусот на практичната обука ќе придонесе за зголемување на можностите за вработување и намалување на стапката на невработеност.“ – рече на конференцијата Билјана Пеева-Ѓуриќ, извршна директорка на Стопанска комора на Македонија.

Фондот претставува можност за финансирање на проекти со кои ќе се подигне квалитетот на стручното образование и да го усогласи со потребите на пазарите на труд во регионот, а компаниите и

давателите на стручна едукација и обука соодветно ќе се подготват за времето што следува по пандемијата.

Повикот за изразување интерес е објавен на https://rcf-wb6.org/и ќе биде отворен до 30 април 2021 година. Апликациите се отворени за конзорциуми од шесте економии од Западен Балкан, составени од еден институт за стручна обука и најмалку две компании

Фондот за регионални предизвици е нова програма која се стреми да ја зголеми продуктивноста и конкурентноста на бизнисите во Западен Балкан 6. РЦФ е поддржан од германското Сојузно  Министерство за економска соработка и развој (BMZ) преку КФВ Германската банка за развој и е спроведен од страна на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан 6 (WB6-CIF), заедничка иницијатива на стопанските комори од регионот

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?